Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Имаш мислење каде оди светот? Американскиот стартап Supertake сака од него да направи портфолио акции. Го опишуваш своето уверување со обични зборови, на пример дека луѓето сѐ повеќе ќе трошат на долговечност, а агентите на компанијата, изградени врз најновите модели на вештачка интелигенција (ВИ), го претвораат во конкретни акции и тргуваат наместо тебе.
За таа идеја инвеститорите дадоа 20 милиони долари во почетна рунда на финансирање. Рундата ја предводеше фондот Adjacent на Нико Витенборн, со учество на Coinbase Ventures и Union Square Ventures. Меѓу поединечните вложувачи се Нат Фридман, кој раководи со производите во Meta Superintelligence Labs, шефот на Vercel Гиљермо Раух и инвеститорот Скот Белски. Пред тоа компанијата собрала 2 милиони долари.
Идејата е на Мајкл Мињано, еден од основачите на подкаст-платформата Anchor, која Spotify ја купи во 2019 година за над 150 милиони долари. Компанијата секојдневно ја водат Линколн Мур како извршен директор и Џон Питерсон како технички директор, двајцата дојдени од Coinbase, каде што ги воделе ВИ-производите и инженерството. „Веруваме дека има можност инвестирањето да стане подемократско и секој да може да вложува во сопствените сфаќања, уверувања и идеи“, вели Мињано.
Засега Supertake работи со брокерите Coinbase и Robinhood и вложува само во акции. Тезите на корисниците се рангираат на јавна табела, па другите можат да вложуваат заедно со авторот. Една од нив, на пример, се обложува на модата на „луксмаксинг“ и долговечност, преку фармацевтски и козметички компании. Плановите се пошироки: кратки продажби, деривати и пазари на предвидувања преку партнери.
Мур упорно тврди дека Supertake не е пазар на облози, туку нова верзија на роботизираниот советник за инвестиции. Истовремено вели дека не сакаат да ги спречат ни краткорочните стратегии, а таква може да биде и теза за тоа кој ќе победи на избори.
За да ги смири стравовите, компанијата набројува заштити: ВИ не може да уплатува или да подига пари без изречна согласност на корисникот, постојат ограничувања на големината на секоја трансакција, листи на дозволени и забранети хартии од вредност и следење во живо на необични активности. Агентите не ги гледаат ниту податоците за најава на брокерската сметка. „Пред неколку години можеби не би се чувствувал удобно во автомобил со асистент за лента, а денес влегуваш во Waymo како да е ништо“, вели Мур.
Производот сѐ уште е достапен само преку листа на чекање, но основачите велат дека веќе вложуваат свои пари: Мур „десетици илјади“, Питерсон „илјадници“, а Мињано „стотици илјади“ долари. Да му ги дадеш заштедите на бот затоа што убаво ја преточил твојата идеја во бројки – тоа е новата понуда од Силикон Вали. Кога тезата ќе згреши, кој ќе одговара: корисникот, агентот или моделот под него?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Фондот со канцеларија во Талин вложува во фузија, вселена и ракети, а итноста отворено ја мери со оддалеченоста од Русија....
Во 2024 акционерите ја одбија нејзината понуда од 3.200 денари за акција. Сега банката се продава од стечај, со почетна...
Стартап основан во февруари, од истражувач што ја остави вештачката интелигенција поради климатските промени. Ниту една централа на фузија досега...
Од Милано ги собираат американските интернет-брендови како мебел на распродажба: AOL, Vimeo, Evernote, а сега и Mailchimp. Продавачот Intuit губи...
Пакетот почнува од околу 1,4 милијарди денари, а до шестата аукција почетната цена по акција може да падне за речиси...
За две и пол години од трговија со накит на големо до цел од 100 милиони долари годишен приход. Нов...
Фирмата имала нарачки, а работниците немале плата од јануари. Додека судот ги одложуваше рочиштата, синдикатот брои четворица починати колеги.
Основана во Софија пред осум години, сега вреди 2 милијарди долари, а во касата сѐ уште има пари од претходната...
Компанијата што светот ја запозна по крвта што ја носеше во Руанда сега носи сендвичи во предградие на Хјустон. Платформата...
Човекот што отслужи 22 месеци затвор за измама сега ги учи машините кога да шепотат за да продадат. Тврдењата не...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.