Брзата помош добива 100 нови возила, а до 2030 во пензија одат над 300 вработени: кој ќе ги вози?
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Додека Владата најавува мерки и субвенции за домување, од партијата ДОМ потсетуваат на нешто што, велат, „упорно се премолчува во јавноста“: Македонија веќе има законски механизам за оданочување на празните станови. Тој само со години стои мртов на хартија.
Според Законот за даноците на имот, за станот во кој живееш ефективната даночна стапка е 0,05 проценти. За стан што стои празен и не се издава подолго од шест месеци во текот на годината, стапката е 0,30 проценти. Ако сопственикот не пријави дека станот не се користи, законот предвидува 0,50 проценти – истата стапка што важи и за сите неискористени државни и општински објекти.
Во пракса, според ДОМ, речиси никој не го плаќа овој данок. Сопствениците на празни станови и натаму добиваат решенија со минимални износи, бидејќи општините и централната власт не ги вкрстуваат регистрите за пријавено живеалиште и договорите за закуп со потрошувачката на струја и вода. Партијата додава и детал што боде: самите институции не ја применуваат повисоката стапка ни врз сопствените празни станови и деловни простори.
Колку станови со згаснати светилки има во скопските блокови? Точна бројка нема, и токму тоа е поентата – нема ни кој да ја пресмета, ако податоците што државата веќе ги има никој не ги спои. ДОМ бара општините и Управата за јавни приходи веднаш да ги вкрстат податоците за живеалиште, закуп, струја и вода, за да се утврди реалниот број на празни станови, и законските стапки да се применат целосно.
Партијата предлага и што да се прави со парите. Сите приходи од повисокиот данок да одат директно во Фондот за достапно домување и за субвенционирање кирии на млади лица и млади брачни парови. Празните државни и општински станови и објекти јавно да се попишат и итно да се дадат под поволен закуп. А сопственик што празниот стан ќе го издаде на млади, со пријавен договор од најмалку 10 до 12 месеци и по достапна и регулирана цена, целосно да биде ослободен од зголемениот данок.
Од ДОМ наведуваат и пример од соседството: Хрватска во 2026 година вовела задолжителен данок на празни станови, со дигитално вкрстување на државните бази на податоци и јасни рокови. „Решението за станбената криза не е во бетонизација на секоја слободна парцела, туку во праведна даночна политика што ќе ги отвори вратите на илјадниците празни домови“, порачуваат од партијата.
Зошто закон што постои со години се третира како идеја за во иднина? И кој има интерес празните станови да останат невидливи, додека младите плаќаат кирии и чекаат субвенции?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Паклитакселот го нема на Онкологија. Според Левица, министерот и директорот на клиниката си ја додаваат вината, а хемотерапијата не чека.
Студентите добиваат 140 денари, министерката нуди нова пресметка и анкета, а новиот модел дури од октомври 2027. Ако законот е...
МВР признава дека системот мора да разликува паркирана кола од кола заглавена во метеж. Кога ќе згреши, колку лесно ќе...
Ѓорѓиевски вика: исчистете со соседот, па чувајте секој ден. Убава порака, што важи и за Градот - празнети контејнери и...
Ѓорѓиевски вели дека ги завршил експропријациите и дека една лента е асфалтирана. Колку чини и кога ќе се вози по...
Водичите велат дека ги знаат проблемите и имаат решенија. Кои се проблемите, соопштението не кажува - а тоа е најважниот...
Живото дарување на бубрег сега е можно и од пошироко семејство. Остатокот од Законот за трансплантација чека меѓуресорско усогласување.
Најмногу отпад е собран во Центар, најмногу записници се напишани во Чаир. Екипите го собираат она што некој го истоварил,...
Испитниот центар во Битола не работеше, па младите патуваа по возачка во други градови. Повикот за обештетување излезе 19 месеци...
Измамниците се закануваат со казна и суспензија на регистрацијата ако не платиш преку нивниот линк. Претпријатието вели дека тие пораки...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.