Гроб од земја пред МВР за 59 убиени жени: „Ниту една повеќе“ им даде рок на пратениците до 10 декември
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Буџетот за 2027 година предвидува 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, за капитални инвестиции. Тоа го соопшти ВМРО-ДПМНЕ, а го претстави пратеникот Бојан Стојаноски, со реченица што вреди да се запамети: успешноста на буџетот ќе се мери преку реализираните проекти, изградените патишта, модернизираната железница, новите инвестиции и отворените работни места.
Добро. Тогаш да ја запишеме листата, за да има со што да се спореди следната есен.
Што е ветено за 2027
Преку Јавното претпријатие за државни патишта се планирани дополнителни 18 милијарди денари, од кои над 12 милијарди за автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола, на коридорите 8 и 10д. Продолжуваат делниците Кичево – Охрид, Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце.
За железницата се предвидени 6,2 милијарди денари, раст од 53,6 отсто во однос на годинава. Продолжува изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка, планирани се активности за делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, изградба и опремување на заедничката гранична железничка станица Табановце и почеток на проектот за набавка на нови локомотиви.
Се спомнуваат и пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, како и планирани проекти во Велес, Штип и Виница. За владината програма „Економски развој“ се предвидени 9,7 милијарди денари, или 30,5 отсто повеќе од 2026 година, за поддршка на инвестициите и домашните компании.
Буџетот се пишува, патот се гради
Капиталните инвестиции имаат една незгодна особина: на хартија често изгледаат подобро отколку на терен. Делницата Кичево – Охрид, која и во овој буџет „продолжува“, се гради од 2014 година. А денеска Центарот за граѓански комуникации објави истражување според кое на 9.335 договори за градежни работи склучени од 2021 до 2025 година се направени 2.500 измени, а конкуренцијата на тендерите паднала од пет на три понуди по тендер.
Затоа критериумот на Стојаноски е подобар од самата листа. Не колку е планирано, туку колку ќе се изгради, за колку пари и со колку анекси. Тоа ќе го покаже завршната сметка за 2027, а не прес-конференцијата од ноември 2026.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Без градежна дозвола ако најмалку 10% од станбената површина не е за млади парови. Мерката не чини денар од буџетот,...
Од јули 2024 досега: 18 казнети друштва и вкупно 49.400 евра глоби. Едно од двете сега блокирани друштва само лани...
Над 200 гости, министри, амбасадори и Светска банка во една сала. Најконкретната бројка на форумот не ја кажа министерството, туку...
Судот ги сруши, Трамп ги врати преку закон од 1974 година. Највисоката стапка оди за Кина, една недела откако се...
Американскиот регулатор му даде на Маск зелено светло за сателити што ќе пресметуваат за вештачката интелигенција. Кој ќе го чисти...
Меѓу профилите има 2,1 милион малолетници. Единствениот понудувач е фирма од Делавер основана на 13 ноември, а што ќе прави...
Плишано мече што му кажува на детето дека е позабавно од училиштето и дека ќе му ги чува тајните. Њујорк...
До вчера ниту еден поканет сведок не го потврдил доаѓањето, а 95 проценти од банката одат на аукција. Банката можеби...
Пет понуди по тендер станаа три, а договорите без конкуренција скокнаа од 38 милиони евра во 2021 на 141 милион...
Nvidia вложила во Decart при вреднување од 4 милијарди долари, а сега го гледа како заминува кај Amazon за речиси...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.