Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Стан за 20 проценти поевтин од пазарниот, куќа без комуналии и студентска картичка со попусти. Тоа е пакетот што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го најави на 35-тата годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“.
Звучи како одговор на прашањето што секој млад човек во Скопје си го поставува кога ќе ги види цените по квадрат. Но меѓу најавата на партиска конференција и клучот во бравата има закон што сѐ уште не е напишан, градежни фирми што треба да се согласат и општини што треба да се откажат од пари.
Првата мерка: дозвола за градба само со 10% за млади
Според најавата, ниедна градежна компанија нема да може да добие дозвола за градба ако не издвои најмалку 10 проценти од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. „По донесувањето на овој закон нема веќе дозволи за градење, нема веќе бетонизација“, порача Мицкоски до градежниците.
Прашањата се наметнуваат сами. Кој ќе ја утврдува „пазарната цена“ од која се смета попустот? Кој ќе провери дали станот навистина отишол кај млад брачен пар, а не кај некој што условите ги исполнува само на хартија? И дали 20-те проценти ќе ги платат градежниците, или ќе се преселат во цената на останатите 90 проценти од зградата?
Втората мерка: нула комуналии за куќа
Брачните парови до 35 години што ќе градат куќа, според втората мерка, нема да плаќаат комуналии, на територијата на целата држава, исто така преку закон. „Не е 1% субвенција во каматната стапка, не 2%, не 3%, 0 комуналии“, рече премиерот. Комуналиите се приход на општините. Кој ќе им ја покрие дупката, или општините ќе ја покријат со поскапи услуги за сите други?
Третата мерка: картичка во М-услуги
Студентите би добиле картичка во апликацијата М-услуги, со најмалку 20 проценти пониски цени не само за топлиот оброк, туку и за низа други производи и услуги. Мицкоски вели дека тоа е „нешто што го немаат ниту студентите во Европската Унија“. Мерката се разработува со Генералниот секретаријат и министерствата за образование, финансии и дигитална трансформација. Кои трговци ќе дадат попуст и кој ќе им ја надомести разликата, за сега не е кажано.
Партијата вели дека нуди конкретни решенија, наместо празни ветувања. Конкретни ќе бидат кога ќе има текст на закон пред пратениците и прв млад пар со клуч во рака. Дотогаш, тоа е најава од говорница пред партиски подмладок.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Законот бара студентскиот оброк да се усогласува со инфлацијата секоја година. Министерката Јаневска вели дека не е јасно кој треба...
Десет години се доволни за еден политичар, вели лидерот. Противкандидат нема, раководството не го пушта, а заминување шест месеци пред...
На улица протест по нов случај од Битола, во Собранието одбиен амандман. Пријавите сега брзо ќе стигнуваат до обвинител, но...
Седум месеци пријави, судски мерки за заштита, па убиство. Обвинението стигна до деветмина од најниското скалило - прашањето е дали...
Министерката вели дека нема ретроактивност, само закон што досега не се применувал. А зошто не се применувал? „Најверојатно“ одлука на...
На 35-годишнината од Уставот, претседателката ги изброи измените и им порача на пратениците дека гласаат по сопствено уверување. Адресата на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.