Антитерористичка акција во Скопје: знаме на ИСИС и оружје, а официјалните детали – „по завршувањето“
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
28.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Цените на становите во Македонија во првиот квартал од 2026 година пораснале за повеќе од 16 отсто на годишно ниво. Со тоа земјава е во самиот светски врв по поскапување на недвижностите, покажува најновиот Global House Price Index на аналитичката куќа Knight Frank, кој следи 55 станбени пазари.
Пред нас се само Турција, со номинален раст од 26,2 отсто, и Унгарија, со 21,4 отсто. Во групата со раст над 16 отсто, покрај Македонија, се Португалија и Хрватска. За споредба, просечниот номинален раст на сите 55 пазари изнесува скромни 1,4 отсто, најслабо темпо од третиот квартал на 2024 година.
Светот се смирува, Македонија не. Кога ќе се одземе инфлацијата, глобалната слика се превртува: реалните цени на станбените недвижности во светот паднале за 1,7 отсто, според Knight Frank. Банката за меѓународни порамнувања (BIS) бележи реален глобален пад од 1,2 отсто. Македонија и тука е исклучок – според BIS, реалниот годишен раст на цените кај нас изнесува околу 13 отсто. Не станува збор, значи, само за инфлација што ги крева сите бројки подеднакво. Становите поскапуваат многу побрзо од општите цени.
Во исто време, на други места цените паѓаат. Во континентална Кина становите поевтиниле за 6,3 отсто, во Канада за 5 отсто. Македонскиот пазар, очигледно, не чита светски трендови.
Како фактори се посочуваат ограничената понуда на станови во урбаните центри и условите за финансирање. Но зад процентите стои многу поедноставна пресметка. Ако стан од 60 квадрати чинел 60.000 евра, раст од 16 отсто значи околу 9.600 евра повеќе за истиот стан – за една година.
Кој ги има тие пари? Младо семејство што бара прв дом тешко ги заштедува за една година. Прашањето што индексот не го поставува, а секој купувач си го поставува, е едноставно: колку уште може да скача квадратот пред сосема да ја изгуби врската со платата?
Најновите 10 вести од оваа категорија
За седум дена дизелот скокна за 5,50 денари, па падна за 4,50. Дел од новата „стотка“ е позајмена од буџетот...
Бројките за растот стигнаа од митинг, заедно со пораката дека платите допрва треба да го стигнат. А за поевтиниот дизел,...
Требаше да стигне во ChatGPT во октомври и да работи без човек над глава. На тестовите не кажувал секогаш што...
Професорката од Стенфорд што ја изгради ImageNet сега ќе му кажува на производителот на чипови што да гради. Nvidia веќе...
Бродовите со децении се пријавуваат само со сигнал за локација. Сега некој им става очи на јарболот - а војната...
Најмоќната ракета досега изгуби еден мотор, го прекина обидот, па за неколку минути се предомисли. Тоа е стилот на Маск...
Две недели ДДВ од 10 отсто, дизел по 104,50 денари и ниту збор за тоа што следува од утре. Ако...
До 19 август биле издадени 1.837 мислења за работници од Бангладеш и 787 од Непал. Во исто време, 58 отсто...
Стопанска банка минус 8,33, НЛБ минус 7,88, Комерцијална минус 7,87 отсто. Во неделните извештаи има бројки, но не и причина.
Кога некој тврди дека сè е по распоред, а истовремено праќа правно известување за настани надвор од негова контрола, повеќе...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.