Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека против државата се води „сериозна хибридна војна“ и дека досега имало повеќе од 25.000 непријавени собири низ земјата. Во интервју за РТС, тој нагласи дека како претседател направил сè за да го зачува мирот и стабилноста, додавајќи дека наскоро ќе биде јасно дали уапсениот В.А. е „терорист или убиец во обид“.
Вучиќ истакна дека јавноста треба да го види видеото од апсењето и изјавата на осомничениот, за да се спречи „погрешно информирање на јавноста“ дека станува збор за обичен конфликт меѓу луѓе кои престојуваат во шаторите пред парламентот. Тој порача дека е подготвен за дијалог со неистомислениците, но дека не може да разговара со некој „кој решава проблеми со пиштоли и стапови“.
Инцидентот се случи вчера кога В.А. влегол во еден од шаторите во кои престојуваат поддржувачи на власта и испукал неколку куршуми, при што повредил едно лице. Нападот, според Вучиќ, претставува терористички чин, а обвинителството го квалификува како обид за убиство, нелегално поседување и трговија со оружје, како и предизвикување општа опасност.
Во делот за надворешната политика, Вучиќ изрази уверување дека постојат шанси Србија да стане членка на ЕУ до 2030 година, но нагласи дека косовското прашање останува главна пречка. „Не можам и нема да ја прифатам независноста на Косово и Метохија. Ако некој друг по мене сака тоа да го направи – нека го реши“, изјави српскиот претседател.
На прашањето дали е поважно Србија да не воведува санкции кон Русија или да се движи побрзо кон ЕУ, Вучиќ одговори дека верува оти во Брисел сега постои нов замаец и дека ЕУ „повеќе од порано разбира колку е Србија важна за Унијата“.
„Европската унија е најголем инвеститор и сè уште најдоброто место за живеење, иако економскиот раст е во пад“, додаде тој.
Вучиќ се осврна и на средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, одржана минатата недела во Белград, велејќи дека имале „долг приватен разговор за сите важни теми“.
Во однос на енергетиката, Вучиќ изјави дека Србија нема да се соочи со недостиг на нафтени производи, и покрај американските санкции кон Српската нафтена индустрија (НИС). „Првиот ден кога ќе имаме проблеми, ќе ги земеме работите во свои раце и ќе ја заштитиме Србија“, рече тој, без да прецизира конкретни мерки за намалување на мнозинскиот руски удел во НИС.
Од воведувањето на санкциите на 9 октомври, околу 84.000 тони нафта од државните резерви биле продадени за преработка во рафинеријата во Панчево, а Вучиќ откри дека побарал од руската страна, доколку нема друго решение, да пронајде купувач за НИС.
Тој потврди и договор со унгарскиот премиер Виктор Орбан за зголемен увоз на нафтени деривати преку компанијата МОЛ, и додаде дека Србија „се обидува да најде различни опции“, иако просторот за маневрирање е ограничен.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за распишување вонредни парламентарни избори нема да зависи од исходот на локалните гласања...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди набавката на кинески хиперсонични балистички ракети, предупредувајќи дека соседните земји само чекаат поголем конфликт...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија поседува хиперсонични балистички ракети и изјави дека нејзините соседи го чекаат вистинскиот момент...