Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е под американски санкции поради мнозинско руско сопствеништво, засега не се огласува за информациите дека пратка од околу еден милион барели казахстанска нафта, пристигната во хрватското пристаниште Омишаљ, не е испорачана во Србија.
Според агенцијата „Ројтерс“, танкерот „Маран Хелиос“ пристигнал на 9 октомври, но суровината не е транспортирана до НИС. Хрватскиот „Јадрански нафтовод“ (ЈАНАФ) за медиумите изјави дека последната испорака за НИС била на 8 октомври, додавајќи дека „по тој датум, нема повеќе неиспорачана нафта за НИС во системот“.
Српски медиуми пренесуваат дека, според извори блиски до компанијата, рафинеријата во Панчево има резерви доволни само за околу десет дена работа доколку не пристигнат нови количини сурова нафта.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува одговори во врска со ситуацијата до крајот на оваа или следната недела, нагласувајќи дека тврдењата дека Хрватска ќе стане нов сопственик на НИС се невистинити.
„Нема да има недостиг од сурова нафта, нејзини деривати и нема да има енергетска криза“, порача Вучиќ, додавајќи дека складиштата се полни и дека Србија има доволно резерви до крајот на годината.
НИС беше ставен под санкции на 10 јануари поради т.н. „секундарен ризик“ од руско мнозинско сопствеништво. Санкциите неколку пати беа одложувани, но официјално стапија на сила на 9 октомври.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за распишување вонредни парламентарни избори нема да зависи од исходот на локалните гласања...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди набавката на кинески хиперсонични балистички ракети, предупредувајќи дека соседните земји само чекаат поголем конфликт...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија поседува хиперсонични балистички ракети и изјави дека нејзините соседи го чекаат вистинскиот момент...