Претрес кај виш обвинител во Битола: неофицијално, трагата води до пасошот на Марковски
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
07.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова би требало да се сретнат во четврток во Софија, на маргините на министерската конференција за Коридорот 8. Би требало – затоа што до вчера официјален одговор од Бугарија на барањето што Скопје го испрати уште во петокот немаше.
Иницијативата дојде по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски тогаш рече дека ќе го послуша нејзиниот совет и ќе побара средба на министрите. Бугарското министерство за надворешни работи, пак, преку медиумите соопшти дека во рамки на форумот „ќе има можност“ за билатерална средба, како дел од „редовниот дијалог меѓу двете земји“.
Мицкоски не крие дека не очекува многу. „Имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог „pull aside“, ние така го викаме на коњопој, и тоа отприлика да биде тоа“, изјави премиерот.
Опозицијата вели дека токму тоа е проблемот. „Уште пред да се случи таа средба, гледаме стратегија на поткопување на таа средба“, рече Андреј Жерновски, обвинувајќи го премиерот дека сака да ја врати Македонија назад. Од Софија, пак, бугарската претседателка Јотова порача дека не треба да има ултиматуми од македонска страна.
Така изгледа дипломатијата меѓу Скопје и Софија: нота од едната страна, одговор преку медиуми од другата, и премиер што пред првото ракување веќе ја нарекува средбата коњопој. Ако разговорот е навистина прв чекор кон деблокада на евроинтеграциите, како што го опишаа Мицкоски и Фон дер Лајен, дали некој во двете престолнини навистина сака тој чекор да успее?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Рокот го пишува законот, а партиите се караат кој е крив. Во случајот „Државна лотарија“ штетата е 9,7 милиони евра,...
Средбата на маргините на конференцијата за Коридорот 8 е првиот чекор по советот на Фон дер Лајен. Претходната, во Хелсинборг...
Бугарската претседателка вели дека Софија е отворена за разговори, а потоа набројува што Скопје мора да прифати пред да седне...
Уставните измени остануваат на маса, а Скопје побара билатерална средба со Бугарија. Од Софија засега нема одговор.
Додека Грција ѝ ги предаваше на Бугарија посмртните останки што се идентификуваат со Самуил, премиерот одговори со историја. Датумите не...
Брисел го кажа она што сакавме да го слушнеме за идентитетот, а за процесот - она што не сакавме. Муцунски...
Наместо дебата за тоа зошто опозицијата не расте, во СДСМ се води дебата кој за кого работи. Власта може само...
Опозицијата тврди дека Македонија ја нема на европскиот патоказ, власта одговара дека тоа е говор на омраза. Во Собранието, после...
Во 2022 година Скопје и Тирана заедно ги отворија преговорите. Сега Тирана се разгледува за забрзано членство, Скопје не е...
Директорот на Националната галерија е разрешен по инспекција, директорот на музејот во Крушево поднесе оставка по „Секси мама“. Случаите се...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.