Брзата помош добива 100 нови возила, а до 2030 во пензија одат над 300 вработени: кој ќе ги вози?
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Шпанската актерка Ана Кастиљо деновиве наполни 31 година, а низ фотографиите што ги споделува можеме да завириме и во нејзиниот мадридски стан. Во него живее со партнерот, актерот Алваро Мел, и со мачорот Капитан, кого дома го викаат Капи. Двајцата се запознале на снимањето на „Совршена бајка“ (Un cuento perfecto), адаптацијата на Нетфликс на романот на Елисабет Бенавент, и заедно се речиси четири години. Неодамна Кастиљо глумеше и во серијата на Movistar+ Se tiene que morir mucha gente, заедно со Макарена Гарсија и Лаура Вајсмар.
Ова не е стан од каталог. Просторот не го диктира никаков стил или тренд – винтиџ парчиња стојат до современ мебел, а секоја соба изгледа како да е собирана со години, а не купена за еден викенд. Токму затоа вреди да се погледне подобро.
Топлина во неутрални тонови. Основата е бела: бели ѕидови и голем крем кауч како централно парче во дневната соба. Крем перници, мека позадинска светлина и плафонска ламба со ретро дух ја заокружуваат сликата. Сликите во рамки носат боја и уметнички карактер, масичката за кафе е од стакло со заоблена, современа основа, а подот е паркет реден во шема „рибина коска“, кој додава топлина.
Кога црвеното ја презема дневната соба. Голем црвен тепих покрива добар дел од подот – според социјалните мрежи на Кастиљо, од Kuatro Carpets. Дезенот е ориентален и геометриски, и тоа е најсилната боја во собата: контраст со неутралниот кауч и ѕидовите, придружен со беж и дрвени тонови. Црвениот ориентален ќилим многумина од нас го паметат од дневната соба на бабите. Во Мадрид тој е изјава на стил – можеби е време да го симнеме од таванот?

Омилениот агол на Капитан. Покрај прозорецот, каде што паѓа природната светлина, стои едноставна дрвена фотелја со винтиџ дух, а преку неа ќебе со мека текстура и допир од сино. Над неа висат две мали уметнички дела во рамки, одраз на интересот на Кастиљо за уметност и илустрација. Формално, аголот е нејзин. Фотографиите сведочат дека во него најмногу ужива мачорот.

Каде просториите се среќаваат. Распоредот е отворен: трпезаријата и дневната соба визуелно се поврзани, па црвениот тепих се гледа и од масата. Белите внатрешни врати со профилирани рамки и високите тавани го чуваат класичниот мадридски карактер, а паркетот во шема „рибина коска“ се протега низ целиот стан. Сликите на ѕидовите ја носат бојата од соба во соба.
Мешавина на епохи и стилови. Трпезариската маса е дрвена, со едноставни линии, а околу неа стојат црни столици инспирирани од дизајнот на средината на минатиот век. Бојата ја носи карирана покривка во темнозелена боја на шише. Растенија и слики се повторуваат низ целиот дом, а витрината од темно дрво со стаклени врати не чува кристални чаши за гости што никогаш не доаѓаат – во неа стојат секојдневни работи: храна, шишиња, чаши.
Светлина со карактер. Секој дел од станот има своја светлина. Голема подна ламба со едноставни линии и ретро изглед дава топла амбиентална светлина и прави контраст со темниот дрвен мебел, а вазна со суви цвеќиња го продолжува растителниот мотив.
На крајот, ова е стан што не се труди да импресионира. Винтиџ парчиња, современ мебел, уметност, текстил и предмети од секојдневието живеат заедно без строги правила. Дом со личност наместо совршенство – рецепт што може да се примени во секој стан, без разлика дали е во Мадрид или во Карпош.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Острови со извиени краеви, маси со кружна плоча и ормари без остри рабови. За трендот не мора да се урива...
Осмострукиот шампион во MotoGP својот мотор не го чува во гаража, туку во стаклена витрина на влезот. Во домот од...
Најмалку 60 сантиметри слободно покрај креветот, ѕидна ламба наместо гломазна масичка и бои што визуелно додаваат метри. Дизајнерите велат дека...
Во списанијата нема деца, кучиња и трошки. Дома ги има, и токму затоа овие парчиња стануваат битка - еве како...
„Сѐ повеќе клиенти бараат дневна соба во која луѓето сакаат да останат“, вели дизајнерката. Телевизорот може да остане - само...
Спалната ја користиме главно навечер, под вештачка светлина, а тогаш белото го губи сјајот. Десет проекти покажуваат како земјените бои...
Бескрајни ходници и кујна скриена зад врата, слика на многу станови од седумдесеттите и осумдесеттите. Двајца дизајнери покажуваат дека просторот...
Синот на Пилар Миро живее во црно-бело, со апстрактни платна во црвено и тераса од 75 квадрати. Минимализам за човек...
Зграда на задруга од 1923 година, едно скалило помалку и трпезарија под скалите. Реновирање во кое старото не се крие,...
Куќа од 11 милиони евра со фудбалско игралиште, студио за снимање и два ката под земја. Најдобрите места до прозорецот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.