Двајца млади тврдат дека полицајци ги тепале врзани: истрагата ја води самото МВР
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Шпанската актерка Ана Кастиљо деновиве наполни 31 година, а низ фотографиите што ги споделува можеме да завириме и во нејзиниот мадридски стан. Во него живее со партнерот, актерот Алваро Мел, и со мачорот Капитан, кого дома го викаат Капи. Двајцата се запознале на снимањето на „Совршена бајка“ (Un cuento perfecto), адаптацијата на Нетфликс на романот на Елисабет Бенавент, и заедно се речиси четири години. Неодамна Кастиљо глумеше и во серијата на Movistar+ Se tiene que morir mucha gente, заедно со Макарена Гарсија и Лаура Вајсмар.
Ова не е стан од каталог. Просторот не го диктира никаков стил или тренд – винтиџ парчиња стојат до современ мебел, а секоја соба изгледа како да е собирана со години, а не купена за еден викенд. Токму затоа вреди да се погледне подобро.
Топлина во неутрални тонови. Основата е бела: бели ѕидови и голем крем кауч како централно парче во дневната соба. Крем перници, мека позадинска светлина и плафонска ламба со ретро дух ја заокружуваат сликата. Сликите во рамки носат боја и уметнички карактер, масичката за кафе е од стакло со заоблена, современа основа, а подот е паркет реден во шема „рибина коска“, кој додава топлина.
Кога црвеното ја презема дневната соба. Голем црвен тепих покрива добар дел од подот – според социјалните мрежи на Кастиљо, од Kuatro Carpets. Дезенот е ориентален и геометриски, и тоа е најсилната боја во собата: контраст со неутралниот кауч и ѕидовите, придружен со беж и дрвени тонови. Црвениот ориентален ќилим многумина од нас го паметат од дневната соба на бабите. Во Мадрид тој е изјава на стил – можеби е време да го симнеме од таванот?

Омилениот агол на Капитан. Покрај прозорецот, каде што паѓа природната светлина, стои едноставна дрвена фотелја со винтиџ дух, а преку неа ќебе со мека текстура и допир од сино. Над неа висат две мали уметнички дела во рамки, одраз на интересот на Кастиљо за уметност и илустрација. Формално, аголот е нејзин. Фотографиите сведочат дека во него најмногу ужива мачорот.

Каде просториите се среќаваат. Распоредот е отворен: трпезаријата и дневната соба визуелно се поврзани, па црвениот тепих се гледа и од масата. Белите внатрешни врати со профилирани рамки и високите тавани го чуваат класичниот мадридски карактер, а паркетот во шема „рибина коска“ се протега низ целиот стан. Сликите на ѕидовите ја носат бојата од соба во соба.
Мешавина на епохи и стилови. Трпезариската маса е дрвена, со едноставни линии, а околу неа стојат црни столици инспирирани од дизајнот на средината на минатиот век. Бојата ја носи карирана покривка во темнозелена боја на шише. Растенија и слики се повторуваат низ целиот дом, а витрината од темно дрво со стаклени врати не чува кристални чаши за гости што никогаш не доаѓаат – во неа стојат секојдневни работи: храна, шишиња, чаши.
Светлина со карактер. Секој дел од станот има своја светлина. Голема подна ламба со едноставни линии и ретро изглед дава топла амбиентална светлина и прави контраст со темниот дрвен мебел, а вазна со суви цвеќиња го продолжува растителниот мотив.
На крајот, ова е стан што не се труди да импресионира. Винтиџ парчиња, современ мебел, уметност, текстил и предмети од секојдневието живеат заедно без строги правила. Дом со личност наместо совршенство – рецепт што може да се примени во секој стан, без разлика дали е во Мадрид или во Карпош.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Мали, темни соби во стара мадридска зграда станаа еден светол простор од дневната до кујната. Архитектките ги вратија оригиналните греди,...
Од четири спални останаа две, жолтите ѕидови исчезнаа, а ходникот стана дел од дневната соба. Реновација со лекции што важат...
Гардеробната не се прави со повеќе плакари, туку со инвентар, метар и светло што го разликува темносиното од црното. Петте...
Дома не била ѕвезда, туку „Мариета“. Куќата во која ги одгледала децата сè уште е во семејството - и сè...
Од 150 квадрати запуштен покрив едно семејство доби уште еден кат: место за работа, гости и прослави, поврзано со домот...
Атриум на двојна височина каков што, според сопствениците, имаат само уште три јахти на светот, и фондација што финансира операции...
Купен за пет милиони, реновиран за уште седум, а сега на пазар за над 26 - ранч чии штали се...
Скандинавскиот стил се повлекува, а мебелот од орев што го паметиме од бабините дневни соби станува тренд на есента. Тајната...
Бисбал заминува на турнеја, а зад себе остава дом од 3.000 квадрати заедно со дворот. Најдобриот трик во него може...
Повеќе квадрати не се купуваат, туку се наоѓаат: пет одлуки од мал стан за летување што важат и за секој...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.