Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Apple не го купи Huxe. Барем не на хартија. Во пријава до Европската комисија компанијата откри дека се договорила да им понуди работа на „одредени вработени во Huxe AI“ и да добие неексклузивна лиценца за интелектуалната сопственост на стартапот. Фирмата не станува дел од Apple. Во Купертино заминуваат луѓето и правото да се користи она што го измислиле.
Ваквите договори во индустријата ги викаат „reverse acqui-hire“ – купување на тимот без купување на фирмата. Во последниве години станаа омилена алатка на големите технолошки компании: ги вработуваш основачите, ја лиценцираш технологијата и добиваш таленти за вештачка интелигенција, а притоа избегнуваш дел од антимонополската контрола што ја носи класичното купување. Што останува од стартапот? Во случајот на Huxe – речиси ништо.
Huxe го основаа програмери што претходно работеа на подкастите генерирани со вештачка интелигенција во NotebookLM на Google, алатката што во меѓувреме е преименувана во Gemini Notebook. На 21 мај стартапот објави дека се гаси: апликацијата се повлекува од продавниците на Apple и Google, услугата престанува, а податоците на корисниците се бришат. „Тимот продолжува кон нови работи и нема да го развиваме производот понатаму“, напишаа. На 9 јуни, помалку од три недели подоцна, Apple веќе го пријавуваше договорот пред европскиот регулатор.
Пријавата не кажува кој добил понуда, дали некој ја прифатил, ниту што планира Apple со технологијата. Тајмингот кажува повеќе: Huxe го објави гаснењето само ден откако Spotify ги претстави сопствените функции за подкасти генерирани со вештачка интелигенција, па Apple можеби сака нешто слично за својата апликација Podcasts. Шефовите во технолошките компании очигледно веруваат дека персонализираниот звук што ти го чита машина може да ги замени вистинските подкасти. Колку обични слушатели го сакаат тоа – никој сѐ уште не знае. А за целата зделка дознаваме од Брисел, не од Купертино.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Еден заеднички мерач за разговор и работа, иста претплата - и признание дека најактивните корисници ќе стигнуваат до ѕидот побрзо....
Дневни лимити, одобрување следбеници, увид со кого пишува детето - но пораките остануваат затворени. И тоа на мрежа каде што...
Американскиот регулатор му даде на Маск зелено светло за сателити што ќе пресметуваат за вештачката интелигенција. Кој ќе го чисти...
Плишано мече што му кажува на детето дека е позабавно од училиштето и дека ќе му ги чува тајните. Њујорк...
Nvidia вложила во Decart при вреднување од 4 милијарди долари, а сега го гледа како заминува кај Amazon за речиси...
Над 43 отсто од новите песни на Tidal ги создала машина, а 96 отсто од целосно ВИ-песните немаат ниту едно...
Пред две недели замина поради врска со жена осомничена за шпионажа за Кина. Денес е назад, со поддршка од Белата...
Емисиите на компанијата повеќе од двојно пораснаа за четири години, а нов рок за нултата емисија нема. Доброволната цел, излегува,...
Мерката се вика перплексност, а Сем Алтман го нарече текстот најважното што OpenAI го објавило во последно време. Останува прашањето...
Индискиот патент стартапот го добил повеќе од една година откако Apple ја најави функцијата. Сега бара судот во Бомбај да...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.