Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Фото: Jan van der Wolf / Pexels, Pexels License
Денеска е Црн петок, но во Македонија тој одамна не е еден ден. Според Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), акциската продажба може да трае до 30 дена, а законот не ограничува колку пати годишно трговецот може да ја повтори. Кога ќе истече една акција, почнува следната. Попустот станува секојдневие, а купувачот сѐ потешко знае дали навистина купува поевтино.
Правилото на хартија е јасно. За производ да се огласи како намален, цената во претходните 30 дена треба да била иста, а новата пониска. На етикетата мора да стојат и старата и новата цена. Ако телевизорот пред 30 дена чинел 20.000 денари, сега мора да биде под 20.000. Акциската продажба трае најмногу 30 дена, промотивната до осум, а дополнителните трошоци за превоз или монтажа не смеат да се кријат во ситните букви.
Во пракса, велат од ОПМ, дел од трговците прво ги креваат цените, па непосредно пред акцијата ги враќаат на старото ниво и тоа го продаваат како попуст. „Повеќе кај нас, сметам дека се тоа маркетиншки трикови“, вели Татјана Тасевска од ОПМ. Огласите за попусти до 70 отсто, според неа, важат само за неколку производи. А кај електрониката, предупредуваат од организацијата, големите намалувања често се однесуваат на постари модели што стоеле во магацин.
40 тима инспектори, но казната е поевтина од профитот
Државниот пазарен инспекторат формирал 40 тима што во овој период ќе ги контролираат продавниците. Во ОПМ тоа го поздравуваат, но Тасевска поставува незгодно прашање: казните се солидни, но не толку големи колку што е профитот на трговецот. Ако казната е помала од заработката од масовното купување, сметката за некои е едноставна.
Поплаките до ОПМ растат по 15 до 20 отсто годишно: неиспорачани производи, проблеми со сервис и рекламации, пари што не се враќаат, производи што не се како на рекламата. Совет за онлајн купување: од регистрирани интернет-продавници, каде важат истите права како во физичката продавница, а не од профили на социјалните мрежи со плаќање во готово и без фискална сметка. Фотографирајте ја понудата и зачувајте ги податоците од нарачката.
Додека кај нас се бројат трикови, Хрватската стопанска комора смета дека Хрватите денеска ќе издадат околу 5,3 милиони сметки и ќе потрошат околу 114 милиони евра, речиси 7 милиони повеќе од лани. Од ОПМ, пак, предупредуваат дека дел од производите во основната потрошувачка кошничка веќе поскапеле од 5 до 10 отсто.
Попустот не ги намалува потрошувачките права – гаранцијата, замената и рекламацијата важат и на акција. Прашањето е само кој ќе ги брани: купувачот со фотографија од етикетата, или инспекторатот со казна што трговецот однапред ја пресметал?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Владата се фали со раст на платите. Но во декември лани седум од десет приматели на плата биле на просекот...
Министерството за првпат ја покажа структурата на својата кошничка. Синдикалната е „посакувана“, вели Дурмиши, а киријата ја нема бидејќи над...
Еден заеднички мерач за разговор и работа, иста претплата - и признание дека најактивните корисници ќе стигнуваат до ѕидот побрзо....
Наместо да продава удели, производителот на камиони за FedEx се задолжува. Кога купувачот е и инвеститор, а банкарот е милијардер...
Дневни лимити, одобрување следбеници, увид со кого пишува детето - но пораките остануваат затворени. И тоа на мрежа каде што...
Без градежна дозвола ако најмалку 10% од станбената површина не е за млади парови. Мерката не чини денар од буџетот,...
Од јули 2024 досега: 18 казнети друштва и вкупно 49.400 евра глоби. Едно од двете сега блокирани друштва само лани...
Над 200 гости, министри, амбасадори и Светска банка во една сала. Најконкретната бројка на форумот не ја кажа министерството, туку...
Судот ги сруши, Трамп ги врати преку закон од 1974 година. Највисоката стапка оди за Кина, една недела откако се...
Американскиот регулатор му даде на Маск зелено светло за сателити што ќе пресметуваат за вештачката интелигенција. Кој ќе го чисти...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.