Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во февруари Врховниот суд на САД ги поништи царините од таканаречениот „Ден на ослободувањето“. Девет месеци подоцна, Доналд Трамп ги враќа на мала врата. Неговата администрација предложи нови царини за 14 големи трговски партнери, меѓу кои Кина, Европската унија, Јапонија и Јужна Кореја. Пазарите не чекаа да видат дали воопшто ќе стапат на сила – Насдак падна над 4 отсто.
Стар закон, нов ценовник
Откако судот ги сруши првичните царини, Белата куќа бараше друг правен пат. Го најде во член 301 од Законот за трговија од 1974 година: осуммесечна истрага за „структурен вишок на производствени капацитети“ кај другите земји, односно стока чие прекумерно производство, според Вашингтон, ја загрозува американската индустрија. Резултатите се објавени сега, а со нив и новиот ценовник.
За Кина предложената стапка е највисока – 20 отсто, со можност да порасне до 40. За ЕУ 15 отсто, исто колку што беше договорено со Трамповата администрација во јули минатата година. Индија добива 17 отсто ако склучи договор со Вашингтон, а 25 ако не склучи. Швајцарија 15. За Мексико и Норвешка одлука сѐ уште нема. Бразил дополнително добива посебна царина на шеќерот и 10 отсто на готовите авиони, отворено како средство за притисок да седне на преговори. Новите царини нема да стапат на сила пред јануари.
Пријателство со рок на траење од една недела
Најцинична е хронологијата со Кина. Пред само една недела Трамп се фалеше со посетата на Шенжен, каде на самитот на АПЕК разговараше со Си Џинпинг. Ја нарече „една од најуспешните претседателски посети на Азија во американската историја“, рече дека одлично се слага и со Си и со Путин, а оние што го критикуваат ги нарече „глупави“. Си, пак, ја прекрши дипломатската пракса и лично го пречека на излезот од авионот. Една недела подоцна, највисоката стапка од пакетот оди токму за Пекинг.
Пекинг, од своја страна, само ден пред американската објава ја продолжи суспензијата на ограничувањата за извоз на клучни минерали во САД – антимон, галиум и германиум, кои се користат за муниција, батерии, телекомуникации и чипови – до 27 јануари. Кина контролира околу 70 отсто од светската преработка на клучни минерали. Таа предност речиси сигурно ќе ја извади на преговарачката маса.
Брисел се брани, Вашингтон објаснува
Од ЕУ одговорија остро: „Силно го отфрламе тврдењето дека Европа е извор на структурниот вишок на производствени капацитети. Напротив, Европа е меѓу најизложените на тој проблем.“ Порака што може да се однесува на големиот прилив на стока од Кина. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, пак, тврди дека изјавите од Г7, Г20 и Светската трговска организација не промениле ништо, па Трамп сега нуди „конкретни мерки“ за „рамноправни услови за американските работници“.
Пазарите реагираа поинаку. Технолошките акции го водеа падот на Волстрит, Насдак за кратко влезе во таканаречениот мечешки пазар – пад од најмалку 20 отсто од последниот рекорд – а Nvidia изгуби речиси 9 отсто. Трамп за падот ги обвини демократите.
А дома? Анкета спроведена по поразот на републиканците на конгресните избори покажала дека 62 отсто од анкетираните ги поддржуваат напорите царините да се укинат. Индиски извозник на морски плодови најдобро ја опиша ситуацијата: „Почна со 25 отсто, потоа стапката падна на 10, па порасна на 25 и 50, а потоа се менуваше уште многу пати. Неизвесноста не е добра вест ни за увозниците ни за извозниците.“
Ако Европа, со сета своја преговарачка тежина, се чувствува „најизложена“, што останува за малите економии закачени за европскиот пазар? Правилата што се менуваат преку ноќ ги знаеме добро. Овој пат ги менува најголемата економија на светот, со рок до јануари.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Владата се фали со раст на платите. Но во декември лани седум од десет приматели на плата биле на просекот...
Пазарниот инспекторат пушти 40 тима на терен, но од Организацијата на потрошувачите велат дека казната често е помала од профитот....
Министерството за првпат ја покажа структурата на својата кошничка. Синдикалната е „посакувана“, вели Дурмиши, а киријата ја нема бидејќи над...
Еден заеднички мерач за разговор и работа, иста претплата - и признание дека најактивните корисници ќе стигнуваат до ѕидот побрзо....
Наместо да продава удели, производителот на камиони за FedEx се задолжува. Кога купувачот е и инвеститор, а банкарот е милијардер...
Дневни лимити, одобрување следбеници, увид со кого пишува детето - но пораките остануваат затворени. И тоа на мрежа каде што...
Без градежна дозвола ако најмалку 10% од станбената површина не е за млади парови. Мерката не чини денар од буџетот,...
Од јули 2024 досега: 18 казнети друштва и вкупно 49.400 евра глоби. Едно од двете сега блокирани друштва само лани...
Над 200 гости, министри, амбасадори и Светска банка во една сала. Најконкретната бројка на форумот не ја кажа министерството, туку...
Американскиот регулатор му даде на Маск зелено светло за сателити што ќе пресметуваат за вештачката интелигенција. Кој ќе го чисти...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.