Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
За навивачите на Црвена звезда, 29 мај од 1991 година стана „црвено писмо“ во календарот. Денес, 33 години подоцна, успехот што тогашната екипа на Љупко Петровиќ го оствари изгледа како „невозможна мисија“ за клубовите од овие простори.
„Црвена звезда е шампион на Европа! Дарко, Дарко, Дарко..“ – и понатаму одекнуваат зборовите на легендарниот коментатор Милојко Пантиќ од стадионот „Свети Никола“ во Бари, во моментите кога Дарко Панчев го постигна одлучувачкиот гол во пенал-серијата од финалето на Купот на шампионите против Олимпик од Марсеј.
За помладите, да потсетиме дека натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, 0:0, а Црвена звезда со подобро изведување на пеналите победи со 5:3 и се искачи на врвот на Европа.
Овој успех беше надграден во декември истата година и во Токио, каде што црвено-белите го совладаа чилеанскиот Коло Коло со 3:0 и на титулата европски шампион ја додадоа и титулата клупски светски првак.
Звезда имаше феноменална екипа во сезоната 1990-91. Доминираше во домашниот шампионат, а во Европа започна со победа против Грасхоперс, потоа продолжи против шкотскиот Глазгов Ренџерс и германскиот Динамо Дрезден, до полуфиналето и драматичниот двомеч против Баерн Минхен.
А кога „небото се отвори“ таа вечер на Маракана по центаршутот на Михајловиќ и автоголот на Аугенталер, титулата шампион на Европа беше на дофат. Прилика каква што клубовите од овие простори многу ретко имаат – едноставно не смееше да се испушти.
Звезда ја искористи на вистински начин и таа генерација фудбалери од клубот на „Маракана“ засекогаш ќе биде запишана со златни букви во клупската историја.
Под водство на тренерот Љупко Петровиќ, Црвена звезда во финалето настапи во следниот состав: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанџановиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савиќевиќ, Биниќ.
Мнозина се прашуваат дали Звезда некогаш ќе може да го повтори ова.
Тоа би било вистинско чудо против денешните многу финансиски помоќни клубови, но претходните осум сезони на Звезда, од кои четири во Лигата на шампионите, најавуваат дека клубот од Маракана, по децении чекање, повторно може континуирано да постигнува значајни резултати во Европа.
Најновите 2 вести од оваа категорија
Денес кошарката е глобален феномен — од улиците на Бруклин до салите во Белград, од НБА арените до училишните дворови....
Во втората половина на 20-тиот век, кога кошарката експлодираше на светската сцена, една земја од Балканот го освои светот со...