Skip to content

Орбановиот чадор над Балканот се затвора: Лоша вест за Вучиќ, Додик и Мицкоски

1 мин. читање
Сподели

Поразот на Орбан не е само унгарска приказна. Тоа е земјотрес со епицентар во Будимпешта и бранови кои стигнуваат до Белград, Бања Лука и Скопје. Германските медиуми директно – ова е лоша вест за Вучиќ, Додик и Мицкоски.

Аналитичарот Данијел Смилов од Deutsche Welle пишува дека асоцијацијата со МАГА-агендата се покажа како изборен отров ширум светот. Трамповиот рејтинг во САД е на рекордно ниско ниво, Фараж во Британија нема изборен моментум, а Мелони отворено се дистанцира од последните Трампови потези. Дури и во Бугарија, Орбановите сојузници молчат, надевајќи се дека потпретседателот Венс нема да им испрати пораки кои не би сакале да ги примат.

„Орбаномика” во бројки

Унгарскиот номинален БДП по глава на жител во 2025 година: 25.128 долари. Споредете: Полска 28.400, Чешка 35.161, Романија 22.436, Бугарија 20.400, Србија 15.322. Четиринаесет години „суверена политика” и Унгарија е зад Полска и далеку зад Чешка. Бројките не лажат – и бирачите конечно ги прочитаа.

Смилов заклучува дека обединета Европа е единствениот спас за европските нации во нов неоимперијален свет. До крајот на годината, Британија може да се врати во царинската унија на ЕУ, практично ревидирајќи го Брегзит. Времињата се менуваат – прашањето е дали Балканот ќе се менува со нив или ќе остане со носталгија по чадорот кој повеќе не постои.