140 милиони денари незаконски наплатени( меѓу народот познато украдени )
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Македонија подготвува нова Национална стратегија за развој на туризмот за периодот 2027–2032 година. Повторно се зборува за рамномерен регионален развој, подолг престој на туристите и подобрување на туристичката понуда.
Но, во објавените информации од јавната расправа се споменуваат Скопје, Охрид и Југоисточниот регион, додека за Источна Македонија нема конкретни податоци.
Ниту Виница, ниту Кочани, ниту Берово, ниту Пехчево, ниту Делчево, ниту Штип.
Регионот располага со огромен туристички потенцијал – Осоговските Планини, Пониква, Малешевијата, Виничкото Кале, Лесновскиот манастир, термалните извори, езерата и природните богатства.
Сепак, во информациите од јавната расправа не е наведена ниту една конкретна инвестиција во Источниот регион, ниту проект, ниту финансиски средства, ниту рок за реализација.
Источна Македонија со години се соочува со иселување на младите, намалување на населението и недостиг од инвестиции. Токму туризмот може да биде една од можностите за економско заживување на овој дел од државата.
Затоа, Министерството за култура и туризам треба јавно да одговори што конкретно предвидува новата стратегија за Источна Македонија, кои проекти ќе се реализираат и колку пари ќе бидат обезбедени за нив.
Македонија не завршува на Скопје и Охрид. Источна Македонија не бара привилегии, туку рамноправен развој.
Рамномерниот регионален развој не се постигнува со стратегии, презентации и ветувања, туку со инвестиции, инфраструктура и нови работни места.
Најновите 10 вести од оваа категорија
По откривањето на незаконската наплата на 140 милиони денари, неопходно е да се спроведе детална контрола на сите финансиски друштва...
Додека демонстрантите истураа земја пред Министерството, министерот Тошковски потсетуваше дека седум фемициди имало и во времето на неговите претходници. Тоа...
Парите од Планот за раст течат, роамингот се приближува, а првиот кластер стои. Премиерот го спореди патот на Црна Гора...
Расправија за крави заврши со скршеница кај 67-годишна жена од Дрење. Пријавените не се непознати за институциите - МВР за...
МВР вели дека 70-годишната возачка не избегала. Мајката вели дека таа го препознала полицаецот. Наводите сега ги проверува внатрешната контрола,...
Пред специјалниот известувач на ОН во Женева, Стерјовски предупреди дека Бугарија ја користи својата позиција во ЕУ за да им...
Градот Скопје ветува нови скриени станови за жртвите, министерот ветува боди-камери за сите униформирани полицајци. Сѐ беше најавено на панел...
Општина Битола бара уметници за новогодишната програма, но не кажува колку пари има. Комисијата на градоначалникот, пак, може да ангажира...
37 милиони денари, 400 квадратни метри и простор за уште стотина ученици. На отворањето имаше премиер, министерка и градоначалник.
Седум пожарникари со две возила брзо го локализираа огнот. Подолго трае празнината на локацијата, каде што идејата за станбена зграда...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.