140 милиони денари незаконски наплатени( меѓу народот познато украдени )
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Три недели по изборите, Словенија доби одговор на прашањето кое цела Европа го чекаше: Јанез Јанша се враќа на власт – четврти пат. Лидерот на СДС, кој за многумина е балкански Орбан, е на чекор од формирање влада со коалиција која вклучува претседател на парламент што планира референдум за излегување од НАТО и посета на Москва.
Како се стигна дотука? Претседателот на Демократската партија, Анже Логар – поранешен министер за надворешни работи под Јанша и долгогодишен член на СДС кој ја напушти партијата пред две години – ги прекина преговорите со „Движењето за слобода” на премиерот Роберт Голоб. Образложението? Голоб наводно се обидел да „наметне коалициски договор”. Движењето за слобода одговори дека преговори всушност никогаш не се ни воделе.
„Му испративме покани и предлози на Логар, но не добивме одговор. И покрај тоа, тие создадоа јавен впечаток дека разговорите течат. Тоа едноставно не е вистина”, соопшти партијата на Голоб.
Коалицијата на Јанша: од десницата до НАТО-скептиците
Со поддршка на НСи (8 места), Демократите (6 места) и „Ресница” (5 места), Јанша располага со над 46 пратенички места потребни за мнозинство. А „Ресница” е партијата чиј лидер Зоран Стевановиќ – поранешен полицаец, познат по антиваксерски активизам и негирање на климатските промени – беше избран за претседател на парламентот со гласовите токму на оваа коалиција.
Истиот Стевановиќ кој пред нотар изјави дека неговата партија никогаш нема да соработува со СДС или Јанша. Истиот кој веднаш по изборот даде ексклузивно интервју за Спутник и потврди дека планира референдум за излез од НАТО и посета на Москва за „градење мостови меѓу Истокот и Западот”. Тој би бил првиот претседател на парламент на земја-членка на ЕУ што ќе ја посети Москва по руската инвазија на Украина.
Претседателката: „46 гласови – и мандатот е ваш”
Сѐ зависи од претседателката Наташа Пирц Мусар, која од 20 април започнува консултации. Нејзиниот услов е јасен: „Кој ќе ми донесе 46 гласови, добива мандат.” Но додаде и друго – нема да даде мандат на никого кој се обидел да влијае на словенечките избори преку странски актери, директна референца на аферата со израелската приватна разузнавачка фирма Black Cube.
Според новинарот на „Дело” Урош Есих, Јанша веќе ги распределил министерските места: 8 за СДС, 5 за НСи, 3 за Демократите, додека „Ресница” останува надвор од владата со надворешна поддршка.
Изборните резултати беа скоро идентични: Движењето за слобода доби 28,62%, СДС 27,95% – разлика од едно пратеничко место. Но таа минимална разлика се претвора во максимална промена на курсот. Европа добива уште една влада каде коалицискиот партнер зборува за референдум за НАТО и посета на Путин. Дали Брисел ќе реагира, или повторно ќе чека додека не биде прекасно?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Белград го приведе уредникот на таблоидот што пред инвазијата објави „Украина ја нападна Русија“. Сега тој вика прогон - но...
Банка што со години губела, па по почетокот на војната во Украина почнала да заработува милиони. Фирма со четворо вработени...
Бошњачки воен командант и поранешна пратеничка од Република Српска биле гости на свадбата на човек кого полицијата го бара од...
Белград да го признае Косово, а тој ќе се залага за евро во 2027 - и уште лик на Чупиќ...
Чупиќ најави избори на 27 декември, помалку министерства и парламент што ќе ја контролира владата. Колку пати Балканот слушнал такви...
Човекот кој повеќе од една деценија ги кроеше правилата во Србија сега однапред го пишува сценариото за сопственото апсење. Дали...
Едрилица од 1931 година, платена со германски репарации и пари од кралот, денес е туристичка атракција во Тиват, а Загреб...
Лани во декември Вучиќ демонстративно го бојкотираше самитот во Брисел. Сега и новиот вршител на должноста претседател на Србија останува...
Едниот е убиен наутро кај Цетиње, другиот го запре црвената потерница на Интерпол пред летот за Белград. Кланските пресметки на...
Словачкиот премиер ја спореди Србија со Словачка од годините кога самиот беше во опозиција. Колку пати на Балканот правната држава...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.