Skip to content

„Сите најубави нешта” во Битола на 27 април – соло драма со Игор Ангелов

1 мин. читање
Сподели

Соло драмата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов доаѓа во Битола на 27 април, во REPEAT Cafe&Bar со почеток во 20:30 часот.

Претставата е адаптација на делото на Данкан Макмилан, во режија на Дејан Пројковски и продукција на ОХО. Приказната ги истражува детските искуства со родител кој се соочува со тешки животни околности, користејќи реални и фиктивни анегдоти за да пренесе надеж преку најмалите работи во животот.

Билетите чинат 500 денари и се достапни преку karti.com.mk.