Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар пристигна извештајот од судските вештаци од Белград, кои ги анализираа фактите собрани на терен за време на реконструкцијата на исчезнувањето и убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Според наодите, резултатите го потврдуваат временскиот и просторнот тек на настаните од кобниот ден во март минатата година, а истражителите остануваат при сомнежите дека девојчето било удрено со автомобил, а потоа убиено.
За злосторството во Банско Поле кај Бор се сомничат Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои во јуни беа доведени на лице место за реконструкција.
„Во анализата се поклопуваат времето, изјавите на сведоците и трагите. Сега ги очекуваме резултатите од Факултетот за технички науки во Нови Сад, кои треба да потврдат дали возилото на осомничените навистина го удрило девојчето,“ соопшти Обвинителството.
Експертите од Нови Сад ја анализираат брзината и траекторијата на возилото и секунда по секунда ги споредуваат податоците од камерите и сведочењата.
Адвокатката Милица Митровиќ, пак, смета дека обвинителството сѐ уште нема докази дека детето навистина е мртво.
„Пред сѐ, треба да се утврди дали има докази дека детето не е живо. Сѐ додека тоа не се потврди, тешко е да се говори за тешко убиство,“ изјави таа за „Курир“.
Новинарот Младен Радуловиќ додава дека ова вештачење може да биде пресвртно – ако не се докаже дека девојчето било удрено, обвинетите би можеле да бидат пуштени на слобода.
„Ова е една од најголемите мистерии во поновата историја на Србија. Детето исчезна за неколку минути без трага – и покрај огромната потрага на терен,“ рече Радуловиќ.
Новинарот Недиќ дополнително предупреди дека на местото на настанот никогаш не бил направен увид, бидејќи случајот првично бил третиран како исчезнување, а не убиство.
„Нема тело, нема директни докази дека автомобил го удрил детето. Единствено е сигурно дека Данка била таму, мајката ја сликала, а потоа исчезнала. Осомничените биле на тоа место и тоа го признале,“ изјави Недиќ.
Истражителите сѐ уште се надеваат дека резултатите од новото вештачење ќе донесат пресврт во случајот што ја потресе цела Србија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Студентите го победија Вучиќ, но академикот што го кандидираат за претседател границата со БиХ ја нарекува „фиктивна“ и тврди дека...
Белград го приведе уредникот на таблоидот што пред инвазијата објави „Украина ја нападна Русија“. Сега тој вика прогон - но...
Банка што со години губела, па по почетокот на војната во Украина почнала да заработува милиони. Фирма со четворо вработени...
Бошњачки воен командант и поранешна пратеничка од Република Српска биле гости на свадбата на човек кого полицијата го бара од...
Белград да го признае Косово, а тој ќе се залага за евро во 2027 - и уште лик на Чупиќ...
Чупиќ најави избори на 27 декември, помалку министерства и парламент што ќе ја контролира владата. Колку пати Балканот слушнал такви...
Човекот кој повеќе од една деценија ги кроеше правилата во Србија сега однапред го пишува сценариото за сопственото апсење. Дали...
Едрилица од 1931 година, платена со германски репарации и пари од кралот, денес е туристичка атракција во Тиват, а Загреб...
Лани во декември Вучиќ демонстративно го бојкотираше самитот во Брисел. Сега и новиот вршител на должноста претседател на Србија останува...
Едниот е убиен наутро кај Цетиње, другиот го запре црвената потерница на Интерпол пред летот за Белград. Кланските пресметки на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.