Skip to content

ОБВИНЕТИ И СВЕДОЦИ

0 мин. читање
Сподели
ОБВИНЕТИ И СВЕДОЦИ

На надзорната расправа за Алта банка во македонското Собрание, како сведок беше повикан Трифун Костовски, поранешниот главен акционер на пропаднатата Еуростандард банка, против кого е поднесено обвинение за предизвикување стечај на банка.

Фондот за осигурување на депозити издвои околу 68 милиони евра за обесштетување на штедачите, а милионски побарувања сè уште остануваат ненаплатени.

Каква порака испраќа Собранието со ваквиот избор на сведоци?

Дали по истата логика, на расправа за семејно насилство, утре ќе повикаме лице обвинето за насилство врз жена, за да сведочи за друг обвинет насилник? Или лице обвинето за финансиски криминал да ни објаснува како треба да се спречува финансискиот криминал?

Можеби ова треба да ни стане редовна институционална практика?

Секако, секој обвинет има право на презумпција на невиност, а неговиот статус не го исклучува автоматски како сведок. Но јавноста има право да знае какви непосредни сознанија поседува Костовски за Алта банка и зошто токму тој е избран да сведочи.

Надзорната расправа треба да служи за утврдување факти и институционална одговорност, а не да стане простор за лични пресметки и меѓусебни обвинувања.