Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во шаторската населба пред српското собрание, позната како „Ќациленд“, утрово избувна пожар проследен со пукање, при што едно лице е рането, а едно уапсено, јавуваат белградските медиуми.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил во еден од шаторите, кога 70-годишен пензионер, поранешен припадник на Државната безбедност, испукал неколку куршуми кон друг жител на кампот, погодувајќи го во ногата. Повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Белград и е во тешка здравствена состојба, потврди министерот за здравство Златибор Лончар, додавајќи дека пациентот ќе биде опериран.

На лице место интервенирале полицијата и пожарникарите, а пожарот бил локализиран нешто по 10 часот. Просторот околу Пионерскиот парк и српското собрание е целосно обезбеден од полициски сили и припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).
Претседателот Александар Вучиќ итно се обрати до јавноста, нарекувајќи го инцидентот „терористички чин“. Тој на прес-конференција објави снимки од нападот и испрашувањето на осомничениот, наведувајќи дека пензионерот признал оти пукал бидејќи „шаторите го нервирале“ и сакал „полицијата да го застрела“.
„Се обидел да се преправа дека е луд, бидејќи е искусен човек кој работел во државната безбедност 16 години, до 1993 година,“ изјави Вучиќ.
Министерството за внатрешни работи потврди дека пожарот бил предизвикан од плинска боца, а по интервенцијата на екипите на Институтот за итна медицинска помош, ситуацијата е под контрола.
Демократската партија остро реагираше, нарекувајќи го инцидентот „најдрастичен доказ дека Србија е заложник на радикализираната и криминализирана политика“.
„Наместо да ја обезбеди безбедноста на граѓаните, режимот на Вучиќ организираше паравоена база во центарот на Белград, грдотија што денес ги загрози животите на граѓаните,“ стои во нивното соопштение.
Репортери од лице место јавуваат дека од дел од шаторите сѐ уште се издига чад, а граѓани се собираат околу оградениот простор, фотографирајќи ја сцената. „Да нема циркус, нема да има проблеми,“ изјави еден минувач за медиумите, коментирајќи го хаосот во „Ќациленд“.
Инцидентот ја потресе српската јавност и повторно ја отвори дебатата за безбедносните и политичките импликации од шаторската населба пред парламентот, која со месеци беше симбол на длабоките поделби во српското општество.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Студентите го победија Вучиќ, но академикот што го кандидираат за претседател границата со БиХ ја нарекува „фиктивна“ и тврди дека...
Белград го приведе уредникот на таблоидот што пред инвазијата објави „Украина ја нападна Русија“. Сега тој вика прогон - но...
Банка што со години губела, па по почетокот на војната во Украина почнала да заработува милиони. Фирма со четворо вработени...
Бошњачки воен командант и поранешна пратеничка од Република Српска биле гости на свадбата на човек кого полицијата го бара од...
Белград да го признае Косово, а тој ќе се залага за евро во 2027 - и уште лик на Чупиќ...
Чупиќ најави избори на 27 декември, помалку министерства и парламент што ќе ја контролира владата. Колку пати Балканот слушнал такви...
Човекот кој повеќе од една деценија ги кроеше правилата во Србија сега однапред го пишува сценариото за сопственото апсење. Дали...
Едрилица од 1931 година, платена со германски репарации и пари од кралот, денес е туристичка атракција во Тиват, а Загреб...
Лани во декември Вучиќ демонстративно го бојкотираше самитот во Брисел. Сега и новиот вршител на должноста претседател на Србија останува...
Едниот е убиен наутро кај Цетиње, другиот го запре црвената потерница на Интерпол пред летот за Белград. Кланските пресметки на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.