Казандол повторно во Просторниот план: државата ја доби арбитражата за рудникот, а нацртот го враќа на мапата
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
07.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Повеќе од една година по пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, во кој загинаа околу шеесет млади луѓе, судот конечно ги разгледува доказите против оние што требало да го спречат. Обвинителството презентираше листа од 83 точки докази против деветмина обвинети полицајци.
Според обвинението, преку злоупотреба на службената положба и овластувања, тие овозможиле дискотеката „Пулс” да добие одобрение за работа иако не ги исполнувала законските услови. На судењето како докази беа изведени полициски записници од инспекции во објектот – документи од спроведени контроли, утврдени прекршувања на јавниот ред и мир, како и забележани малолетници во околината.
Деветмината обвинети – Димче Аврамов, Јане Трајчев, Александар Атанасов, Влатко Илиев, Александар Темелков, Гоце Ристов, Боби Гидиовски, Влатко Наумов и Гоце Иванов – се товарат за злоупотреба на службена должност. Ова е едно од трите судења поврзани со трагедијата, а одбраната тврди дека дел од доказите немаат врска со обвинението.
Сржта на овој случај не е во бројот на докази, туку во прашањето што го прогонува цела една земја: како необјект без дозвола работел со години, покрај инспекции, записници и контроли? Кога системот што постоел на хартија не функционирал на терен, одговорноста не смее да заврши на најниското скалило. Семејствата што изгубија свои чекаат да видат дали правдата ќе стигне до сите што потпишувале и затворале очи – или само до неколкумина.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Инвеститорите бараа 59,9 милиони евра откако Владата ја раскина концесијата, а меѓународниот трибунал ги одби сите нивни барања. Осум години...
Обвинители со судска наредба влегуваат во канцеларијата на обвинител. Неофицијално - поради пасошот на бизнисмен кој по излегувањето од притвор...
Од почетокот на 2025 до крајот на август 2026, системот на МВР издавал категории за кои луѓето не ги исполнувале...
Камион од БиХ влегол со железни профили за Грција, а во Македонија бил „дотоварен“ на договорена локација. Пломбата ја носел...
Државата од 2020 година се планира според документ со истечен рок. Сега во Битола ветуваат автопат до Меџитлија, 16 акумулации...
Ветено им било дека до 2 октомври ќе стигне механизација за гаснење. Не стигна. Затоа камионите со кумановското ѓубре сега...
Филипче му понуди функција, а Битиќи јавно му одговара со лекција за културата на говорот. Во партија што се кара...
Осуден по спогодба, сега тврди дека спогодбата била „помалото зло“. Обвинителството вели дека има електронски докази. Двете верзии не можат...
Рокот го пишува законот, а партиите се караат кој е крив. Во случајот „Државна лотарија“ штетата е 9,7 милиони евра,...
Фон дер Лајен посоветува разговор, Скопје испрати нота, Софија одговара преку медиуми. Премиерот однапред ја прогласи средбата за формалност.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.