РЕВИЗИИ 2025–2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Апелацискиот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за четворицата осудени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и за убиството на Панче Жежовски во ноември 2023 година, меѓу нив и Љупчо Палевски – Палчо. Но ослободителната пресуда за таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, е укината. Предметот за него се враќа на повторно судење.
Ѓорчевски беше обвинет дека го помагал грабнувањето – според обвинението, на киднаперите им давал информации кога и каде ќе се движи неговата ќерка. Кривичниот суд го ослободи со образложение дека Јавното обвинителство не ја докажало неговата вина. Апелација сега вели дека проблемот можеби не бил во доказите, туку во тоа колку внимателно биле прочитани.
„Пресудата за Александар Ѓорчевски е укината затоа што недоволно се ценети доказите на Јавното обвинителство“, рекоа судиите на брифинг со медиумите. Нивната препорака е преоценка со конкретни укажувања, особено за три работи: исказите на обвинетите дадени во обвинителството, а читани пред судот, исказот на мајката на Вања и пораките од вибер-комуникацијата.
Тоа е јасна порака од повисок суд до понизок. Не станува збор за нов доказ што се појавил подоцна, туку за материјал што бил во предметот уште на првото судење. Ако тие пораки и тие искази биле таму цело време, зошто требаше втор круг за некој да ги погледне како што треба?
Кривичниот суд претходно најави дека новото судење ќе го закаже веднаш штом ја добие одлуката. Семејството, јавноста и самиот обвинет ќе чекаат уште еден процес за прашањето што од ноември 2023 тежи над овој случај. Овој пат судот однапред знае што пропуштил.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Пари, документи, нотарска канцеларија и менувачница. Обвинителството меѓу делата наведува и несовесно работење во службата - кој во оваа приказна...
Мерките му биле доставени на 19 октомври. На 3 ноември таа беше мртва. Кој проверувал дали забраната воопшто се почитува?
Шеснаесет градови, 14 приведени и една реченица што лесно се прескокнува: евидентирани се случаи на непочитување на изречените заштитни мерки.
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Млади од шест општини дојдоа со детални предлози. Од соопштението на Општината дознаваме дека планот постои, но не и што...
Брисел ја пофали надворешната политика и Планот за раст. За корупцијата пишува дека напредок нема, а за судството - закони...
Опозицијата набројува нули од извештајот, власта одговара со лични напади. Корупцијата и празните судиски места останаа без збор.
Мерката важи за прв дом до 120 квадрати, за парови и самохрани родители до 40 години. За младите што бараат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.