Skip to content

Врховниот суд на Косово ја потврди забраната за носење шамија во училиштата

0 мин. читање
Сподели
Врховниот суд на Косово ја потврди забраната за носење шамија во училиштата

Врховниот суд на Косово донесе контроверзна одлука со која ја потврди забраната за носење шамија во јавните училишта, оценувајќи дека мерката е во согласност со кодексот за облекување утврден од Министерството за образование.

Со оваа одлука, судот ја отфрли тужбата на организацијата „Арита“, која тврдеше дека забраната е дискриминаторска и дека бројни девојчиња биле исклучени од наставата само поради тоа што носеле шамија.

Во образложението, судот наведе дека Министерството има законско овластување да утврдува правила на облекување и однесување, согласно законите за предуниверзитетско и стручно образование.

Прашањето за носење шамија во Косово повторно ја поларизира јавноста, бидејќи 92% од населението е муслиманско, а верските заедници реагираат дека оваа забрана е удар врз верската слобода и негирање на личниот идентитет.

Дали Косово со оваа одлука го штити секуларниот карактер на државата – или им го одзема правото на ученичките да ја изразат својата вера?