Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека судбината на „НИС“ мора да биде решена веќе следната недела, откако американскиот OFAC одби да ја продолжи лиценцата за работа на компанијата. Тој нагласи дека Србија ќе направи сѐ за да избегне конфискација или запленување на руски имот, но истовремено мора да се обезбеди непрекинато снабдување со нафта.
„Русите се сопственици, тие имаат право да одлучат. Но и Србија има право да живее,“ изјави Вучиќ, изразувајќи надеж дека азиски и европски партнери – со кои Русија веќе разговара – ќе прифатат да учествуваат во договор околу сопственоста на НИС.
Тој откри дека Хрватска го прекинала снабдувањето со нафта „еден час пред санкциите“, не сакајќи да ризикува ниту минута, додека Србија – како што рече – со години презема ризици поради односите со Русија. Според него, и српски банки се во опасност и постои реален ризик од санкционирање на финансиските институции ако решението не се најде навреме.
Вучиќ побарал уште една недела од американските претставници и верува дека го добил тој рок. По него, мора да се избегне влегување во кругот на санкции. „Без нафта до 13 февруари – Србија е во целосен колапс,“ додаде тој.
Доколку Русите и нивните партнери не прифатат продажба, Србија – тврди Вучиќ – ќе мора да понуди подобра цена:
„Ќе понудиме повеќе, дури и ако треба да преплатиме. Не сакаме ништо да украдеме од никого.“
Тој најави дека Србија е подготвена и на „специјална операција“ за обезбедување пари и стабилност на пазарот, обраќајќи ѝ се на гувернерката на Народната банка, Јоргованка Табаковиќ.
Вучиќ потенцира дека и покрај санкциите, кои траат веќе 37 дена, граѓаните не почувствувале недостатоци. Армијата има големи резерви на гориво, храната е обезбедена, а државата – според него – е подготвена за секое сценарио. Но предупреди дека полицијата мора итно да ги зајакне резервите, бидејќи секое задоцнување може да предизвика паника.
Тој нареди купување нови количини бензин и дизел и е подготвен да свика вонредна седница на Парламентот доколку е потребен ребаланс. Паралелно, локалните самоуправи со долгови мора да ги подмират сметките, а енергетските проекти, како гасоводот кон Врање и интерконекторот со Македонија, мора да продолжат без застој.
„НИС мора да работи. Рафинеријата мора да работи. Ќе донесеме одлука во последен момент, но снабдувањето во сите сектори мора да биде обезбедено,“ рече Вучиќ, додавајќи дека следните 30 дена граѓаните нема да почувствуваат тешкотии — но последици за државата сепак ќе има.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Студентите го победија Вучиќ, но академикот што го кандидираат за претседател границата со БиХ ја нарекува „фиктивна“ и тврди дека...
Белград го приведе уредникот на таблоидот што пред инвазијата објави „Украина ја нападна Русија“. Сега тој вика прогон - но...
Банка што со години губела, па по почетокот на војната во Украина почнала да заработува милиони. Фирма со четворо вработени...
Бошњачки воен командант и поранешна пратеничка од Република Српска биле гости на свадбата на човек кого полицијата го бара од...
Белград да го признае Косово, а тој ќе се залага за евро во 2027 - и уште лик на Чупиќ...
Чупиќ најави избори на 27 декември, помалку министерства и парламент што ќе ја контролира владата. Колку пати Балканот слушнал такви...
Човекот кој повеќе од една деценија ги кроеше правилата во Србија сега однапред го пишува сценариото за сопственото апсење. Дали...
Едрилица од 1931 година, платена со германски репарации и пари од кралот, денес е туристичка атракција во Тиват, а Загреб...
Лани во декември Вучиќ демонстративно го бојкотираше самитот во Брисел. Сега и новиот вршител на должноста претседател на Србија останува...
Едниот е убиен наутро кај Цетиње, другиот го запре црвената потерница на Интерпол пред летот за Белград. Кланските пресметки на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.