Skip to content

НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ЗАТВОРИ – А КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРИ?

0 мин. читање
Сподели

Во Македонија изгледа најлесно е да се стави катанец. Жичницата на Водно нема да работи цело лето, а никој не знае кога повторно ќе биде пуштена. Образложението – безбедноста е загрозена. И тоа е оправдано, никој не сака ризик по човечки животи.

Но, прашањето е друго: како дозволивме после 15 години да дојдеме до ситуација објект вреден милиони евра да стане небезбеден? Каде биле институциите, сервисите, контролите и одговорноста?

И ова не е изолиран случај. Имаме премногу објекти, проекти и инфраструктура кои лесно се затвораат, а потоа со години стојат заборавени. Од спортски сали, базени, културни домови, патишта во распаѓање, па сè до туристички содржини кои требало да носат живот и посетители.

Најлесно е да кажеш „затворено“. Најтешко е да се одржува, планира и да се обезбеди систем што функционира. А граѓаните со право се прашуваат – ако денес се затвори, дали воопшто некој знае кога повторно ќе се отвори?

Изгледа кај нас привременото многу често станува трајно.