Филипче најави нов закон против корупција по естонски модел: дигитализација и еден ден ќе биде премиер
08.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
07.05.2026
08.05.2026
07.05.2026
06.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
07.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
07.05.2026
06.05.2026
08.05.2026
08.05.2026
07.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
OpenAI се најде пред суд во Калифорнија, не како тужител, туку како обвинета страна во еден од најголемите случаи во индустријата на вештачката интелигенција. Илон Маск, поранешен косоосновач на компанијата, тужи дека OpenAI ја предала својата првобитна мисија – безбедност на ВИ и придобивка за човештвото – заради комерцијален интерес. И сведоците кои дадоа изјави, не помагаат на компанијата.
Роузи Кембел, која се приклучи на тимот за подготвеност за AGI во 2021 година и замина во 2024 откако нејзиниот тим беше расфрлан, опиша процес во кој OpenAI се трансформираше пред нејзините очи. „Кога се приклучив, сè беше многу истражувачки фокусирано и често зборувавме за AGI и прашања на безбедност”, сведочеше таа. „Со време стана повеќе како продуктно фокусирана организација.” Превод: истражувачите беа заменети со маркетингашите. Тимот за Super Alignment, едно од клучните одделенија за безбедност, беше затворен во истиот период.
Кембел укажа на конкретен инцидент – Microsoft го пуштил GPT-4 во Индија преку Bing пред моделот воопшто да поминел евалуација од Бордот за безбедна имплементација на OpenAI. Иако ризикот од моделот сам по себе бил минимален, поентата е поинаква: ако не се почитуваат процесите за основни модели, што ќе биде кога технологијата ќе стане навистина опасна?
Таша Мекаули, поранешна член на бордот од непрофитниот дел на OpenAI, отиде уште подалеку. Таа сведочеше дека Сем Алтман, извршниот директор, ги изневерувал членовите на бордот, не ги известил за јавното пуштање на ChatGPT, и ги криел потенцијалните конфликти на интерес. „Ние сме непрофитен борд и нашиот мандат беше да го надгледуваме профитниот дел под нас”, изјави таа. „Немавме висок степен на доверба дека информациите што ни ги пренесуваа ни дозволуваа да донесуваме одлуки на информиран начин.”
Кога бордот се обиде да го отстрани Алтман во 2023 година, вработените се собраа околу него, Microsoft се вмеша, и одлуката беше повлечена. Тоа е сега документиран факт пред суд. „Ако сè се сведе на еден извршен директор кој донесува такви одлуки, а во прашање е јавното добро – тоа е многу субоптимално”, додаде Мекаули. Со други зборови: компанија која држи во рацете технологија со глобални импликации не треба да зависи од хирот на еден човек.
Експертскиот сведок за тимот на Маск, Дејвид Шизер, поранешен декан на Колумбија Лав Скул, го заостри прашањето: „OpenAI нагласи дека клучен дел од нивната мисија е безбедноста и дека ќе ја стават безбедноста пред профитот. Дел од тоа е сериозно сфаќање на безбедносните правила. Ако нешто треба да биде предмет на безбедносна евалуација, мора да се случи. Се работи за самиот процес.”
OpenAI одби да коментира за тековниот пристап кон AGI alignment, но потсети дека јавно ги споделува евалуациите на моделите и дека во февруари ангажираше нов шеф на подготвеност, Дилан Скандинаро, претходно од Anthropic. Тоа е институционален одговор на криза на доверба, но не и на структурно прашање. Зашто прашањето кое го поставуваат сведоците не е дали OpenAI има процеси – туку дали има волја да ги почитува кога ќе се судрат со рокови, инвеститори или политички притисоци.
За Балканот ова можеби звучи далечно, но е сè друго освен тоа. Истите модели стигнуваат и до нашите телефони, нашите училишта и нашите бизниси. Кога глобалната ВИ индустрија не може да ги почитува сопствените правила, регулаторите од Брисел до Скопје треба да си го постават едно прашање: ако луѓето кои ја создаваат технологијата не можат да ѝ веруваат на сопствената компанија, како би требало да ѝ веруваме ние?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Витни Вулф Херд најави дека гестата која дефинираше цела генерација апликации за датинг исчезнува до крајот на годината - а...
Match Group: AI чини многу, плаќаме со намалување на нови вработувања. Корисници бегаат кон IRL настани. Свајповите се истрошија.
Тестот не помина, корисниците не поминуваа. Snap отпушти 16% од работниците. Перплексити плаќа за дистрибуција бидејќи Google не ги пушта.
Гасна електрана од 5 гигавати со Chevron, истовремено со ветувања за нула емисии. Кога AI бара струја, климата се одложува...
Алгоритам кој скенира фотографии и ги мери коскените пропорции за да процени дали си помлад од 13 - тоа е...
Peter Sarlin собра 25 милиони евра во ангелски круг, без венчер фондови, со јасна порака - не сакаме американски капитал....
Германскиот SAP оди агресивно во AI трката - купи берлински стартап и ќе вложи 1 милијарда евра во наредните четири...
Американската влада ги предупредува сите федерални агенции да закрпат до 15 мај. Дата центри, банки, јавна администрација - сите се...
Стартапот на Брет Тејлор - поранешен Salesforce, сега претседател на OpenAI - удри 15 милијарди долари вредност. Uber веќе пишува...
Blackstone, Goldman Sachs, Sequoia на едната страна. TPG, Brookfield, Bain Capital на другата. Победникот на AI војната ќе биде дефиниран...