РЕВИЗИИ 2025–2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Финалето на НБА доби нова главна тема, и таа нема врска со кош. Виктор Вембањама е на еден прекршок од автоматска суспензија за една утакмица – токму во моментот кога Сан Антонио најмалку може да си го дозволи тоа.
Во третата четвртина од четвртиот меч против Њујорк, францускиот центар го удри Карл-Ентони Таунс со лактот в брада додека замавнуваше со десната рака. Судиите по преглед му досудија флагрантен прекршок од прв степен. Таунс остана на подот по ударот.
Проблемот за Сан Антонио е во математиката. Вембањама сега има три поени за флагрантни прекршоци во ова доигрување, а уште еден автоматски значи пропуштање меч. Во серија каде секоја утакмица одлучува, отсуството на најдоминантниот одбранбен играч на лигата би било потрес од кој тешко се заздравува.
И не е првпат оваа пролет ова да виси над него. Во полуфиналето на Западната конференција против Минесота доби флагрантен од втор степен по очигледен удар на Наз Рид – тогаш лигата го поштеди од суспензија. Во третиот меч од ова финале, пак, силно го турна Џејлен Брансон, и покрај гневот наоколу остана неказнет.
Тука доаѓа прашањето што Сан Антонио претпочита да не го слушне: колку пати една ѕвезда може да помине без последици пред лигата да реши дека сепак мора да реагира? Дисциплинската канцеларија досега бираше да гледа на друга страна. Но во финале, под сите рефлектори, истиот потег тежи поинаку – и токму судбината на серијата сега може да зависи од една одлука донесена надвор од теренот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Во НБА паѓаат рекорди стари со децении. Кај нас Штип го носи третиот странец по старт од една победа и...
Панатинаикос и Реал заедно постигнаа 227 поени, а ривалите веќе го следат Јокиќ по само шест натпревари. Во Македонија МЗТ...
Ти Џеј Шортс е најкорисниот играч на Евролигата во октомври, а Теодор Симиќ дебитираше во Америка со 16 поени. Во...
45 поени, 15 скокови и пет украдени топки - Дончиќ им одговори на критичарите со записник каков НБА досега не...
Дончиќ направи нешто што НБА досега го немала видено. Оклахома пак не ја активира опцијата за Никола Топиќ по две...
Дончиќ имаше историска четвртина и сепак заврши на паркетот по дриблинг на Кари. Дома, Штип конечно победи, а пред „Јане...
Шампионот падна во родниот град на својот тренер и за еден ден остана без него. Евролигата во меѓувреме има порака...
Шампионот падна во Струмица по последна четвртина од 23:15, а во Белград центар кој пред две недели немаше европски клуб...
Србинот стигна до бројката 361 натпревар побрзо од Вестбрук, Словенецот води на листата стрелци, но веќе мора да го чува...
НБА останува без еден од најгорешите стрелци на стартот, Ѕвезда и Панатинаикос летаат во Евролигата, а македонскиот шампион и понатаму...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.