Почнува судењето на Корабоски: притворот дојде дури откако се побуни јавноста
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
27.11.2026
27.11.2026
24.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Мет Гарман, извршен директор на Amazon Web Services, напиша долг текст со една цел: да ги убеди Американците дека дата центрите се добра вест за местата каде што никнуваат. Најважното во целиот текст е една единствена реченица: „Повеќе не користиме договори за доверливост со државните агенции со кои работиме на нашите проекти“. Преведено од корпоративен јазик: досега ги користеле.
Токму тајноста е во срцето на отпорот. Еколошката активистка Ерин Брокович неодамна изјави дека најчестата поплака што ја слуша за дата центрите е недостигот на транспарентност, по шема што се повторува: проектот се објавува откако дозволите веќе се обезбедени, инвеститорите не враќаат повици, а локалните функционери потпишале договори за доверливост пред соседите воопшто да дознаат дека нешто се планира. Њујорк веќе воведе едногодишен мораториум на дозволи за големи дата центри, а според самиот Гарман, низ САД во моментов се разгледуваат над 100 мораториуми.
Неговиот одговор е класичен: страв. „Ако овие мерки се донесат, САД би можеле сами да си го напишат губитничкиот билет во оваа трка, а последиците би траеле со генерации“, напиша Гарман. Потоа тргна да урива четири „мита“: дека дата центрите трошат премногу вода, дека ја поскапуваат струјата, дека загадуваат и дека на заедниците не им носат ништо.
За водата се повика на извештај на самиот Amazon: директната потрошувачка на дата центрите изнесувала само 0,5% од индустриската потрошувачка на вода во САД, „за неколку редови на големина помалку од голф-терените и одгледувањето бадеми“. Само што таквите бројки ја прескокнуваат водата потрошена за производство на струја и на чипови. Научниците бараат независни мерења, бидејќи ниту федерален ниту државен пропис не ги обврзува технолошките компании како да ја пријавуваат потрошувачката. Кога компанијата сама се мери и сама ја објавува бројката, колку тежи тоа „0,5%“?
За струјата Гарман тврди дека цените пораснале само во некои држави со многу дата центри, додека во други паднале или растеле побавно, а таму каде што растат, виновна била старата мрежа во која не се вложувало навреме. Независен надзорен орган неодамна кажа нешто сосема друго: дата центрите се главниот виновник за поскапувањето од 76% за една година на најголемата електрична мрежа во САД.
Најмногу кажува делот за загадувањето, прашање поради кое организацијата NAACP веќе ја тужи компанијата SpaceX/xAI на Илон Маск. Гарман се жали што критичарите гледаат во максимумот што го дозволуваат дозволите. А максимумот е ова: планиран дата центар на Amazon во Тексас има дозвола да испушта 33 милиони тони јаглерод диоксид годишно, повеќе од која било електрана во САД. „Вистината е дека генераторите на дата центрите речиси никогаш не работат“, пишува тој, „неактивни се 99,9% од времето“, односно работат околу десет часа годишно, главно за задолжителни тестирања. Ако навистина речиси никогаш не работат, зошто им е потребна дозвола поголема од која било американска електрана?
Последниот „мит“ се заедниците: Amazon во последните три години вложил „над една милијарда долари“ (околу 870 милиони евра) во местата каде што има значајно присуство. Ќе биде ли доволно? Дарио Амодеи, директорот на Anthropic, неодамна рече дека отпорот кон вештачката интелигенција е „во суштина криза на доверба“, во која луѓето претпоставуваат дека владите и технолошките компании постојано смислуваат нов начин како да ги измамат. Писателката Џасмин Сан забележала дека противниците на дата центрите на аргументите на компаниите обично одговараат кратко: „Не им веруваме“.
Македонија веќе ја има својата мала верзија на истата приказна. Во Пехчево советниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ гласаа против пренамена на земјиште за дата центар на сопствената влада, бидејќи никој не им покажал проект, студија или пресметка колку мегавати ќе троши објектот. Пехчево не е Тексас, но прашањето што го отвора е истото: зошто соседите секогаш дознаваат последни?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Еден заеднички мерач за разговор и работа, иста претплата - и признание дека најактивните корисници ќе стигнуваат до ѕидот побрзо....
Дневни лимити, одобрување следбеници, увид со кого пишува детето - но пораките остануваат затворени. И тоа на мрежа каде што...
Американскиот регулатор му даде на Маск зелено светло за сателити што ќе пресметуваат за вештачката интелигенција. Кој ќе го чисти...
Плишано мече што му кажува на детето дека е позабавно од училиштето и дека ќе му ги чува тајните. Њујорк...
Nvidia вложила во Decart при вреднување од 4 милијарди долари, а сега го гледа како заминува кај Amazon за речиси...
Над 43 отсто од новите песни на Tidal ги создала машина, а 96 отсто од целосно ВИ-песните немаат ниту едно...
Пред две недели замина поради врска со жена осомничена за шпионажа за Кина. Денес е назад, со поддршка од Белата...
Емисиите на компанијата повеќе од двојно пораснаа за четири години, а нов рок за нултата емисија нема. Доброволната цел, излегува,...
Мерката се вика перплексност, а Сем Алтман го нарече текстот најважното што OpenAI го објавило во последно време. Останува прашањето...
Индискиот патент стартапот го добил повеќе од една година откако Apple ја најави функцијата. Сега бара судот во Бомбај да...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.