Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилни изгледи. Министерството за финансии веста ја објави во сабота, со наслов во кој се истакнуваат јавните инвестиции и домашната побарувачка како двигатели на растот. Тоа е вистина. Но тоа е половина од извештајот.
Агенцијата очекува економски раст од околу 3,6 отсто во 2026 и 2027 година, а потоа просечно околу 3,3 отсто годишно во периодот 2027-2029. Главен погон се големите инфраструктурни проекти, пред сѐ Коридорите 8 и 10д, благодарение на кои инвестициите во првата половина од 2026 година пораснале за над 9 отсто. Растот го држи и домашната потрошувачка – повисоките плати и пензии и подобриот пазар на трудот. И сето тоа, според агенцијата, и покрај прелевањата од војната на Блискиот Исток преку поскапата енергија.
Другата половина е долгот. Високите јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија ќе го туркаат јавниот долг до околу 57 отсто од БДП до 2029 година. Буџетскиот дефицит, и покрај очекуваната постепена фискална консолидација, во периодот 2027-2029 во просек би изнесувал околу 3,4 отсто од БДП. Трошоците за сервисирање на долгот агенцијата ги оценува како одржливи.
Пристапот до пазарите засега не е проблем – во јануари државата издаде две еврообврзници од по 500 милиони евра. Но условите за подобар рејтинг се напишани црно на бело: трајно подобрување на буџетските резултати, одржливо намалување на нето јавниот долг и посилен економски раст. Ниту еден од тие услови не се исполнува со сечење лента на автопат.
Рејтингот е добар сигнал за инвеститорите и не е мала работа што останува стабилен во година на енергетски шокови. Но кога растот се гради со задолжување, вистинската проверка не доаѓа на отворањето на патот, туку кога ќе треба да се врати кредитот. Дали коридорите ќе донесат доволно економија за да го исплатат долгот со кој се градат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот вели дека ништо не се укинува, само член се сели од еден закон во друг. Премиерот во исти денови...
Пред регулаторот се нови барања за поскапување на греењето, а се најавува раст и на струјата. ЛДП бара безусловна гаранција,...
Европа воведува заеднички плафон за готовина против перењето пари. Македонскиот закон уште од јануари 2025 бара сѐ од 1.000 евра...
Пред две недели замина поради врска со жена осомничена за шпионажа за Кина. Денес е назад, со поддршка од Белата...
Кажи му на ботот во што веруваш, тој ќе ти ги вложи парите. Инвеститорите веќе дадоа 20 милиони долари за...
Емисиите на компанијата повеќе од двојно пораснаа за четири години, а нов рок за нултата емисија нема. Доброволната цел, излегува,...
Истражувањето SecuriMeter 2026 ги мери празниот резервен фонд и куферот во една анкета. Помалку граѓани од регионалниот просек размислуваат за...
Шест продолжувања, без образложение, договор преку е-пошта и работа во недела во пекарниците. Земјата во која Балканот со децении одеше...
Три заборавени сметки во три банки лесно стануваат 3.600 денари годишно. Законот нуди основна сметка со ограничен надоместок, а за...
Мерката се вика перплексност, а Сем Алтман го нарече текстот најважното што OpenAI го објавило во последно време. Останува прашањето...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.