Октомври, а Македонија сè уште гори: 30 пожари за еден ден, пет од нив на депонии и ѓубре
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Автопатот Прилеп – Битола е долг 40 километри. Следната година, според министерот за транспорт Александар Николоски, во употреба ќе бидат пуштени првите 12. Останатите 28 ќе почекаат, а градбата, вели тој, се одвива „со добра динамика“.
Министерот како новина ја истакнува технологијата. Наместо класична земјена подлога, на трасата се става подлога од дробен камен, што според него значително ќе ја зголеми стабилноста при возењето. Тоа, вели, е првпат во Македонија, а така ќе се градат и Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце.
Дупката од 25 километри
Поважниот дел од изјавата е она што не е решено. Автопатот почнува на околу девет километри од Прилеп, а меѓу Фариш и Прилеп остануваат 25 километри за кои државата сè уште не одлучила ни што ќе гради. „Во моментов разговараме да изнајдеме решение дали да се градат како автопат или експресен пат“, рече Николоски.
Од Градско до Фариш веќе се вози по двете пуштени делници на експресниот пат, Градско – Дреново и Дреново – Фариш. Од Прилеп кон Битола се гради автопат. А меѓу нив стојат 25 километри без одлука, токму делот што треба да ги спои двата проекта во еден пат кон Пелагонија.
За првата делница има конкретна бројка и година: 12 километри во 2027. За 25-те километри до Фариш нема ни едното ни другото. Дали Пелагонија ќе добие цел пат или две парчиња што не се допираат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Студ, суша, пожари во Мариово и пасишта обраснати со трње. Државата дава 600 денари по пчелно семејство, а пчеларите велат...
Планот е донесен во 2024, телото што треба да го следи е формирано во јули, а прв пат седна на...
Апликацијата „м.Услуги“ е бесплатна, безбедна и незадолжителна, вели министерот Андоновски. Дали ќе ја прифати полицаецот на контрола или шалтерот во...
Месец по свечената промоција, новите возила на „Комунална хигиена“ чекаат „правни процедури“. Градоначалникот ги обвинува претходниците, а контејнерите и натаму...
Општина Карпош го нарекува „уште еден вандалски чин“. Значи не е прв. Колку ќе чини поправката и дали некој некогаш...
Учениците од „Коле Неделковски“ добија обновена сала од 350 квадрати. Општината го наброја секој клима-уред и секоја ЛЕД-сијалица, но не...
Изградени се околу 114.000 станови повеќе од проекциите, а експертите како лек против иселувањето го наведуваат полесното доаѓање до стан....
Камен ѕид расте на самиот брег во заштитената зона, а градоначалникот за намената чека записник од инспекција. Кој го гради...
Филм, џез, Шекспир – а од 9 октомври и чкембе-чорба. Битола има фестивал речиси за сè, а Општината за нив...
Забраната за реконструкција на загадувачка индустрија крај населени места паѓа, а членовите за контаминираните подрачја се бришат. Правниците предупредуваат на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.