Младите од Сарај велат дека биле тепани откако биле совладани, синдикатот тврди дека се обиделе да прегазат полицајци: МВР засега само истражува
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
09.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Некогаш на измамниците им требаше чуван комплекс со стотици работници во Југоисточна Азија. Денес доволни се неколку компјутери, интернет и дигитални алатки што се купуваат евтино. Вештачката интелигенција ги направи интернет-измамите побрзи, поевтини и поедноставни од кога било – а индустријата порасна толку што, според некои проценки, загубите на жртвите ја надминуваат вредноста на светската трговија со кокаин.
Според Глобалната алијанса против измами, жртвите во 42 земји лани загубиле 442 милијарди долари. Тоа се проценети загуби на жртвите, а не измерена заработка на криминалците. Дури 57 отсто од возрасните во истото истражување изјавиле дека биле цел на обид за измама. Во САД пријавената штета од интернет-криминал скокна од 17,8 милиони долари во 2001 година на речиси 21 милијарда долари лани.
Измама на претплата
Причината е едноставна: криминалот стана услуга. На нелегалните платформи алатките за измама чинат од 500 долари месечно. Испраќањето пораки на 10.000 е-адреси чини еден долар, а основните алатки за крадење податоци преку лажни страници – помалку од 100 долари. Се продаваат украдени лични податоци, лажни профили, готови страници, ВИ-алатки за лажни фотографии и видеа, па и перење пари.
Еден од најголемите такви пазари, платформата на кинески јазик Xinbi Guarantee, обработила трансакции од околу 24 милијарди долари, сè додека американските власти во септември не ѝ ги запленија каналите на Telegram и крипто-паричниците.
Американската компанија за сајбер-безбедност ZeroFox на девет анализирани развојни платформи пронашла повеќе од четирикратен раст на лажните страници на бесплатните пакети за две години – до 10.600. Најчесто се копираат банки, трговци и телекомуникациски компании, а меѓу најкопираните брендови се Facebook и Netflix. „Генераторите на код со ВИ денес овозможуваат некој што воопшто не знае да програмира за неколку минути да направи уверлива лажна страница за најава во банка и да почне да собира податоци пред некој да забележи“, стои во анализата.
Од Камбоџа до Албанија
Под притисок од САД и Кина, Камбоџа лани започна голема кампања за затворање на центрите за измами, по која заминаа околу 250.000 странци. Преостанатите групи сега работат од ресторани, хотелски соби, па дури и од автомобили. „Дури и две лица, маж и жена, можат да водат измама“, вели гувернерот на провинцијата Преах Сианук. Мрежите се шират во Африка и Шри Ланка, а слични операции се откриени во Дубаи, Украина – и во Албанија, на неколку часа возење од Скопје.
Зад голем дел од индустријата стои трговија со луѓе. Според Интерпол, меѓу луѓето во центрите за измами се забележани државјани на 89 земји – повеќе од петкратен раст во однос на почетокот на 2023 година. Многумина се намамени со ветувања за добро платена работа, а потоа присилени да мамат други.
Meta потврди дека од минатата година отстранила над 16 милиони сметки поврзани со центри за измами и 65 милиони измамнички огласи. „Ние ги блокираме нивните сметки, а тие отвораат нови. Ги блокираме уредите што ги користат, а тие набавуваат други“, признава Натаниел Глајхер, кој во Meta е задолжен за борбата против измамите.
Најстрашната бројка е брзината
Класичните љубовни и инвестициски измами бараа недели или месеци дописка. Денес речиси две третини од измамените жртви уплаќаат пари во рок од 24 часа од првиот контакт. Додека полицијата со една истрага минува низ неколку држави, банки и технолошки компании, измамниците менуваат страници, сметки и паричници за неколку часа. Колкумина би ја препознале лажната страница на својата банка, направена за неколку минути?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Стартапот ја повлече апликацијата и ги избриша податоците на корисниците, а помалку од три недели подоцна Apple веќе пријавуваше договор...
Со години името ветуваше возење без возач, а системот бараше човек на воланот. Германскиот министер го нарече заблудувачко, Tesla го...
Додека индустријата им ги дава на ВИ-агентите клучевите од компјутерите, еден тест-модел сам пополнил полициски формулар за нерасчистено убиство. Полицијата...
Човекот што пред две години најавуваше социјална мрежа со вештачка интелигенција сега токму неа ја обвинува дека го раствора она...
Компанија вредна трилиони долари сега е обвинета за измама со зелени карти. Венс ѝ порача да вработува Американци, а странските...
Најголемиот срам за една компанија: хакерите да им пишуваат на нејзините купувачи преку нејзината сопствена апликација. Asos има 17 милиони...
Направен да ги чува тинејџерите од емоционална зависност, ботот на реченицата „пријателите ми велат дека премногу зборувам со тебе“ одговорил:...
Функцијата што ги затвора ВИ-агентите ќе ја добие секој Windows 11, но машините со кои Microsoft ја рекламира се наменети...
Објава со над милион прегледи покажа што Amazon извлекува од секоја нарачка. Еден пар хеланки - и веќе си ставка...
Додека секој софтвер ти турка асистент што не си го побарал, фондацијата зад бесплатниот канцелариски пакет вели не - бидејќи...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.