Шест полицајци суспендирани за тепањето кај Сарај: МВР призна неправилности, синдикатот раскажува сосема друга приказна
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
10.10.2026
08.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Илон Маск отвори нов фронт, овој пат во Индија. Сопственикот на SpaceX со потсмев го нарече Мукеш Амбани, претседателот на Reliance Industries, „премиер“ на земјата – алузија дека индискиот милијардер има повеќе влијание врз владата отколку што би требало. Причината е прозаична: Starlink со години се обидува да влезе на индискиот пазар и сè уште нема дозвола за комерцијална работа.
Во петокот Маск продолжи на X со порака директно до Амбани: „Природно, би сакал да го задржиш своето монополско искористување на големиот индиски народ, но дали сепак би размислил да му дозволиш на Starlink да се натпреварува?“ Ден претходно прашуваше: „Дали Амбани е вистинскиот газда на Индија?“ А уште порано во неделата обвинуваше неименувани „олигарси“ дека го блокираат лансирањето за да си ги заштитат бизнисите. Маск тврди дека Starlink би донел интернет во неповрзаните краишта, повеќе можности за учење за децата и купувачи од целиот свет за малите бизниси.
Индиското Министерство за комуникации одговори дека рамката за сателитски комуникации е „фер и недискриминаторска“. Според министерството, Starlink и уште два лиценцирани сателитски оператора минуваат безбедносни проверки што мора да завршат пред да добијат спектар – и сите три се „приближно во иста регулаторна фаза“. Министерот за телекомуникации Јотирадитја Синдија додаде дека Индија „не дозволува монопол во ниту еден сектор“. Reliance Jio не одговори на барањето за коментар.
Во целата приказна има детал што не се вклопува во сликата за злобниот монополист. Минатата година SpaceX потпиша договори за дистрибуција токму со Reliance Jio на Амбани и со Bharti Airtel, вториот најголем телеком-оператор во Индија, за да ја нудат услугата штом стигне дозволата. Истовремено и двете компании градат свој сателитски интернет: Jio има заедничко вложување со луксембуршкиот SES, а Airtel е голем акционер во Eutelsat OneWeb. Значи, Маск за блокада ги обвинува компаниите што требаше да го продаваат Starlink, а паралелно градат конкуренција.
И кавгата за спектарот Маск веќе ја доби. Starlink бараше спектарот да се доделува административно, Jio туркаше аукција – и Њу Делхи на крајот застана на страната на Маск. Тоа не звучи баш како држава со која управува Амбани.
Индија, најмногубројната земја на светот со над милијарда интернет-корисници, е голем пазар за Маск. Но таму не му оди ни со Tesla. По години чекање, компанијата влезе минатата година и за првите 12 месеци испораки регистрирала само 699 возила, според податоци што ги наведува Electrek. Високите увозни давачки ја кренаа почетната цена на Model Y во Индија речиси двојно над американската, а и по намалувањето оваа година автомобилите остануваат значително поскапи отколку во САД.
На Балканот сценава ја знаеме: кога голем играч ќе удри во ѕид на туѓ пазар, прво вика за олигарси, па за монопол. Понекогаш е во право. Но кога регулаторот вели дека сите сателитски оператори чекаат во ист ред, прашањето е дали Маск се бори за децата во неповрзаните села, како што тврди – или за пазар што сака да го заземе пред Jio и Airtel да полетаат со свои сателити?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Филмот за Френсис Хауген и „Facebook досиејата“ не ја возбуди публиката. Наесен доаѓаат уште неколку филмови во кои технолошките шефови...
Жртвите во 42 земји лани загубиле 442 милијарди долари, а алатките за измама се достапни веќе од 500 долари месечно....
Стартапот ја повлече апликацијата и ги избриша податоците на корисниците, а помалку од три недели подоцна Apple веќе пријавуваше договор...
Со години името ветуваше возење без возач, а системот бараше човек на воланот. Германскиот министер го нарече заблудувачко, Tesla го...
Додека индустријата им ги дава на ВИ-агентите клучевите од компјутерите, еден тест-модел сам пополнил полициски формулар за нерасчистено убиство. Полицијата...
Човекот што пред две години најавуваше социјална мрежа со вештачка интелигенција сега токму неа ја обвинува дека го раствора она...
Компанија вредна трилиони долари сега е обвинета за измама со зелени карти. Венс ѝ порача да вработува Американци, а странските...
Најголемиот срам за една компанија: хакерите да им пишуваат на нејзините купувачи преку нејзината сопствена апликација. Asos има 17 милиони...
Направен да ги чува тинејџерите од емоционална зависност, ботот на реченицата „пријателите ми велат дека премногу зборувам со тебе“ одговорил:...
Функцијата што ги затвора ВИ-агентите ќе ја добие секој Windows 11, но машините со кои Microsoft ја рекламира се наменети...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.