Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Со војната во Газа, со постојаниот терор во Западниот Брег, со бескрајните убиства на деца кои секојдневно стануваат „статистика“, и со киднапирањето на Николас Мадуро, светот сè повеќе наликува на гангстерско гнездо отколку на заедница заснована на право, правила и морал.
Заедничкото во сите овие трагедии не е само насилството, туку молкот. Молкот на меѓународната заедница. Молкот на институциите кои постојат токму за да спречат вакви злосторства. Кога деца гинат под бомби, кога цели населби се бришат од картата, кога луѓе исчезнуваат без правна процедура – а светот нема јасна и недвосмислена осуда – тогаш станува јасно дека законот важи само за слабите.
Ова лицемерие не е ново. Сè уште нема вистинска, институционална осуда за убиството на Садам Хусеин, иако подоцна беше докажано дека клучната причина за воената интервенција – тврдењата за оружје за масовно уништување – била заснована на свесни лаги. Илјадници животи беа изгубени, цела држава беше уништена, а одговорност – речиси и да нема.
Кога лагата станува основа за воена операција, а одговорните никогаш не се соочуваат со правда, потоа не треба да нè чуди зошто денес истите методи се повторуваат. Денес Газа. Денес Западниот Брег. Денес Венецуела. Утре – која било држава или народ што ќе се најде на погрешната страна од интересите на моќните.
Во ваков свет, правилата не ги пишуваат институциите, туку посилните. Правдата не се бара, туку се наметнува. А човечкиот живот, особено животот на децата, станува колатерална штета во големата геополитичка игра.
Светот кој не осудува, светот кој молчи пред очигледното зло, престанува да биде цивилизиран. Тој се претвора во гангстерско гнездо – место каде што владее силата, а правото служи само како изговор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Мери Трамп, отуѓената внука на претседателот Доналд Трамп, за прв пат јавно откри дека се омажила во октомври... Мери Трамп,...
Во Македонија со години постојат основани сомнежи дека кучиња се организирано пренесуваат меѓу градови, а во одредени случаи и преку...
Јаловиштето е обврска, не наследство Јаловиштата не смеат да бидат проблем за идните генерации. Ако една компанија може да остварува...
Сè почесто се наметнува прашањето дали Соединетите Американски Држави влегуваат во фаза во која, наместо да ја зачуваат својата глобална...
Во последните недели, на темната мрежа се појави база на податоци од околу 17,5 милиони корисници на Инстаграм, што предизвика...
Аца Лукас ги загрижи сите денес кога објави статус дека синоќа се обиделе да го убијат на Јахорина по настапот....
Вилсон позира во чипка и цветни дезени во заводливо фотосесија Вивијан Вилсон, 21 - отуѓената ќерка на Илон Маск -...
Финска го доживеа еден од најголемите моменти во историјата на својата лотарија овој викенд, кога играч од Хелсинки освои огромен...
„Замрзнатата каскада од рози“, висока петнаесет метри, стана зимска атракција во една кинеска провинција. Скулптурата од мраз во облик на...
Кран-Монтана, еден од најпознатите швајцарски скијачки центри, денес е симбол на тишина, болка и заедништво. По трагедијата што ја потресе...