Скопје домаќин на регионална конференција за демографски промени на 7-8 мај
04.05.2026
04.05.2026
04.05.2026
04.05.2026
04.05.2026
03.05.2026
03.05.2026
04.05.2026
04.05.2026
03.05.2026
04.05.2026
03.05.2026
02.05.2026
04.05.2026
04.05.2026
03.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Доналд Трамп ги зголеми царините на автомобили и камиони увезени од Европската Унија на 25%. Новите тарифи стапуваат во сила следната недела. Образложение – според Трамп, ЕУ не ги почитувала претходните трговски договори со Вашингтон. Превод: започнува нов фронт во американско-европската трговска војна, со автомобилската индустрија како прв колатерал.
Бројката 25% не е симболичка. Просечен европски автомобил – BMW 3 серија или Mercedes E-класа – чини помеѓу 50.000 и 70.000 долари во Америка. Со 25% царина, тоа значи 12.500 – 17.500 долари дополнително на крајниот купец. Тоа автоматски ги исфрла европските автомобили од среден сегмент – бидејќи јапонските и корејските модели остануваат евтини.
За Германија, ова е тешка вест. Земјата извезува околу 800.000 автомобили во САД годишно. 25% тарифа значи дека дел од нив едноставно нема да најдат купувачи. Проценките на индустриските аналитичари: до 200.000 работни места во европскиот синџир за снабдување се загрозени. Volkswagen, BMW, Mercedes, Stellantis и Renault имаат фабрики и во САД, но и таму компонентите доаѓаат од Европа.
Што се случува тогаш. Прво – европските извозници ќе бараат субвенции од сопствените влади. Второ – ќе се обидат да преместуваат производство во Америка, што е процес кој трае години и трошoци милијарди. Трето – ЕУ ќе одговори со контратарифи на американски производи. И четврто – сите сте платат повеќе.
За Балканот, ефектот не е директен, но е реален. Германските автомобилски компании имаат фабрики во Скопје, Битола, Куманово – произведувачи на компоненти. Кога главните пазари се намалуваат, нарачките до овие фабрики паѓаат. Тоа значи прекин на смени, отказ на работници, пад на извоз. Македонија нема да биде непосредно погодена, но ќе биде последна позади редот.
Трговската војна 2026-та е поинаква од таа во првиот мандат на Трамп. Тогаш светот беше во релативно стабилна состојба. Сега, со две војни и енергетска криза, секоја економска мерка влијае одма и силно. Балканот ова го гледа од далечина – но ќе го почувствуваат во цените на нови возила и во работните места во делови на индустријата што не се ниту наши, ниту нашиот избор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Потенцијален удар од 15 до 30 милијарди евра за германската автоиндустрија. Европската комисија ги задржува сите опции отворени. Трговска војна...
3,5 милиони патници во 2025, раст од 30% во споредба со 2019. Цените пораснаа, но не ги запреа патниците. Горивото...
Маслото поевтине малку откако Трамп ја најави операцијата за придружба на блокираните бродови. Но над 100 долари по барел е...
Рекордна наследствена такса во историјата на Јужна Кореја. Потоа AI-бумот го удвои вредноста на акциите. Платиле 8, добиле повеќе.
Компанијата која беше симбол на крај на кино-искуство сега гради театарски прозорец за Даниел Крег и Мерил Стрип. Пазарот победи.
21 компании кои не се Lovable и не се Mistral - но можеби се иднината на европската технолошка сцена. Источна...
Студија на Харвард ги споредува OpenAI модели со лекари во итна медицина. Бројките фаворизираат AI - но истражувачите предупредуваат: тоа...
Истиот образец секоја година. Топла зима, ладен пролет, штети. И секоја година - истите ветувања, истата помош со закаснување, иста...
Шест проценти раст е реален. Но Бугарија има поевтини плати, Унгарија има поквалификувана работна сила. Македонија е помеѓу - и...
ВМРО велеше за СДСМ исто, СДСМ сега вели за ВМРО. Зборовите ги менуваат, бројките не толку. Каматите не познаваат избори.