Skip to content

АКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА БЕШЕ НА БАЛКАНОТ?

0 мин. читање
Сподели
АКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА БЕШЕ НА БАЛКАНОТ?

Велика Британија повторно ја отвора дебатата за членство во Европската Унија. Но, замислете доколку за нејзиното зачленување се применуваа услови слични на оние со кои Македонија се соочува со децении.

Дали Франција ќе побара Французите да бидат внесени во британскиот устав како уставотворен народ?

Дали Ирска ќе побара Лондон да се откаже од Северна Ирска, а Шпанија ќе го услови членството со предавање на Гибралтар?

Дали Шпанија ќе побара враќање на Фолкландските Острови на Аргентина, а Кипар враќање на британските суверени воени бази Акротири и Декелија?

Дали ќе се отвори прашањето за статусот на островот Ман, Џерси, Гернзи ?

Дали британските власти ќе мораат да ги променат учебниците по историја, да формираат историски комисии, да се извинат за колонијалното минато и да признаат историски злосторства, вклучително и барањата за признавање геноцид?

Дали британскиот национален идентитет, јазикот и историјата ќе станат предмет на меѓународни преговори?

Сето ова, секако, е хипотетичко сценарио. Но македонското искуство и искуството на Западен Балкан отвора суштинско прашање за еднаквоста на европските критериуми.

Дали Европската Унија е заедница на рамноправни држави, со еднакви правила за членство, или условите зависат од политичката и економската моќ на кандидатот?

Дали Велика Британија ќе мора да преговара само за своето членство, или, како Македонија, и за сопствената историја и идентитет?