140 милиони денари незаконски наплатени( меѓу народот познато украдени )
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
По откривањето на незаконската наплата на 140 милиони денари, неопходно е да се спроведе детална контрола на сите финансиски друштва за брзи кредити, од денот на нивното основање до денес, а не само за периодот од 2023 година наваму.
Мора да се утврди колку пари вкупно им биле незаконски наплатени на граѓаните, кој го дозволил тоа и зошто надлежните институции не реагирале навреме.
Враќањето на парите не ја исклучува одговорноста – ниту на финансиските друштва, ниту на институциите што биле задолжени да ги контролираат.
Над 26.000 граѓани треба да добијат назад околу 140 милиони денари незаконски наплатени од финансиските друштва за брзи кредити.
Но, враќањето на парите не смее да биде крајот на оваа приказна. Напротив, тоа треба да биде почеток на утврдувањето на одговорноста.
Ако во периодот од 2023 до 2026 година се утврдени толкави неправилности, колку пари им биле незаконски наплатени на граѓаните пред 2023 година? Кој ги контролирал финансиските друштва и како институциите дозволиле вакви практики со години?
Уште во годишниот извештај за 2022 година, Народниот правобранител предупредувал дека недоволната контрола врз финансиските друштва доведува до презадолжување на граѓаните. Значи, проблемот бил познат и пред периодот опфатен со сегашните инспекциски контроли.
Метла бара одговори:
Колку пари биле незаконски наплатени пред 2023 година?
Кој бил задолжен за контрола на финансиските друштва и дали ќе се испита неговата одговорност?
Дали парите ќе бидат вратени со законска затезна камата?
Кои се финансиските друштва што незаконски наплатувале средства?
Дали ќе се преиспитаат нивните лиценци за работа?
Дали Јавното обвинителство ќе отвори постапка за утврдување евентуална кривична одговорност?
Имињата на финансиските друштва засега не се објавени, со образложение дека постапката сè уште трае.
Не станува збор за ситна административна грешка, туку за над 2,27 милиони евра незаконски наплатени од илјадници граѓани, од кои многумина биле принудени да земат брз кредит поради финансиски тешкотии.
Доколку враќањето на незаконски стекнатите средства е единствената последица, каква порака им се испраќа на останатите компании?
Дека можат незаконски да наплатуваат пари со години, да располагаат со нив, а кога ќе бидат откриени, едноставно да ги вратат?
Враќањето на парите е законска обврска, а не казна. Македонија мора да добие одговор кој ќе понесе одговорност за незаконската наплата на 140 милиони денари од сопствените граѓани.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Македонија подготвува нова Национална стратегија за развој на туризмот за периодот 2027–2032 година. Повторно се зборува за рамномерен регионален развој,...
Додека демонстрантите истураа земја пред Министерството, министерот Тошковски потсетуваше дека седум фемициди имало и во времето на неговите претходници. Тоа...
Парите од Планот за раст течат, роамингот се приближува, а првиот кластер стои. Премиерот го спореди патот на Црна Гора...
Расправија за крави заврши со скршеница кај 67-годишна жена од Дрење. Пријавените не се непознати за институциите - МВР за...
МВР вели дека 70-годишната возачка не избегала. Мајката вели дека таа го препознала полицаецот. Наводите сега ги проверува внатрешната контрола,...
Пред специјалниот известувач на ОН во Женева, Стерјовски предупреди дека Бугарија ја користи својата позиција во ЕУ за да им...
Градот Скопје ветува нови скриени станови за жртвите, министерот ветува боди-камери за сите униформирани полицајци. Сѐ беше најавено на панел...
Општина Битола бара уметници за новогодишната програма, но не кажува колку пари има. Комисијата на градоначалникот, пак, може да ангажира...
37 милиони денари, 400 квадратни метри и простор за уште стотина ученици. На отворањето имаше премиер, министерка и градоначалник.
Седум пожарникари со две возила брзо го локализираа огнот. Подолго трае празнината на локацијата, каде што идејата за станбена зграда...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.