Гроб од земја пред МВР за 59 убиени жени: „Ниту една повеќе“ им даде рок на пратениците до 10 декември
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Фото: KenSwe72 / Wikimedia Commons, CC BY 4.0
На самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски дојде со јасна бројка: очекува Македонија да добие дополнителни 75 милиони евра од Планот за раст. Тоа е десет проценти над веќе предвидените 750 милиони евра, како награда за испорачаните реформи.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот потврди дека Брисел планира значителен дел од средствата да ги прераспредели кон трите земји со најголем напредок. „Пред една година, партнерите имаа реализирано 38 отсто од предвидените реформски чекори. Денес, таа бројка достигна 63 отсто“, рече таа, најавувајќи дополнителни 338 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Македонија во наредните недели.
Мицкоски најави и дека по завршувањето на техничките преговори, проектот „Роаминг како дома“ треба да им овозможи на граѓаните мобилните услуги во ЕУ да ги плаќаат по домашни цени. Според него, Македонија е првата земја од регионот што го завршила формалниот технички дел.
Парите одат, преговорите стојат
Тука завршува добрата вест. Премиерот повторно порача дека „доста е од билатерализација“ и дека нема промена на ставот на Владата за уставните измени. Приоритет, вели, е договор за Акцискиот план за малцинствата, за кој Владата веќе доставила предлог.
Кога новинарка го праша дали Црна Гора и Албанија се понапред, Мицкоски не се согласи. „Мислам дека ќе се вратам на онаа моја изјава за автобусот што се клати, така во моментот личи нивниот пат во ЕУ“, рече тој, додавајќи дека Македонија е меѓу „фронтранерите“ во Реформската агенда.
Од другата страна на масата сликата е поинаква. Генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман, во интервју за „Балканс дебриф“ на Атлантскиот совет беше директен: „Блокадата не е во Советот на ЕУ. Блокадата е во земјата.“ Според него, не станува збор само за бугарско прашање, туку за став на ЕУ вграден во заклучоците на Советот, а без уставните измени процесот нема да оди напред. Топката, вели, е кај Скопје.
Мицкоски одби да го коментира тој став. Копман го нарече пријател на земјата, со кој, најави, наскоро ќе има работна видеосредба.
Што пишува во извештајот
Тврдењето дека Македонија е водечка кандидатка тешко се совпаѓа и со последниот извештај на Европската комисија, кој за многу области не бележи напредок, а за корупцијата вели дека останува широко распространета и претставува прашање од сериозна загриженост.
Така, Брисел плаќа за реформите, но вратата ја држи затворена додека не се исполни условот што Скопје одбива да го исполни. Пари без преговори значат движење во место. Колку долго може да се вози така – со полн резервоар, а паркирани?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Две албански партии се караат која направила повеќе за јазикот. Одлуката за правосудниот испит е кај Министерството за правда, а...
Законот бара студентскиот оброк да се усогласува со инфлацијата секоја година. Министерката Јаневска вели дека не е јасно кој треба...
Десет години се доволни за еден политичар, вели лидерот. Противкандидат нема, раководството не го пушта, а заминување шест месеци пред...
Најавата на партиската конференција звучи како одговор на кризата со станови. Меѓу говорницата и клучот во бравата стојат закон што...
На улица протест по нов случај од Битола, во Собранието одбиен амандман. Пријавите сега брзо ќе стигнуваат до обвинител, но...
Седум месеци пријави, судски мерки за заштита, па убиство. Обвинението стигна до деветмина од најниското скалило - прашањето е дали...
Министерката вели дека нема ретроактивност, само закон што досега не се применувал. А зошто не се применувал? „Најверојатно“ одлука на...
На 35-годишнината од Уставот, претседателката ги изброи измените и им порача на пратениците дека гласаат по сопствено уверување. Адресата на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.