Skip to content

Расизам во Лига на шампиони: Бенфика со видеодоказ, УЕФА отвори истрага

1 мин. читање
Сподели

Плејоф натпреварот во Лига на шампиони помеѓу Бенфика и Реал Мадрид остана во сенка на расистичкиот скандал кој го потресе фудбалскиот свет. По погодокот на Винисиус Хуниор, играчот на Бенфика Ѓанлука Престиани наводно упатил расистички навреди кон бразилскиот напаѓач, по što натпреварот привремено беше прекинат.

Килијан Мбапе, кој беше во непосредна близина на инцидентот, изјави дека играчот со дрес број 25 на Бенфика „пет пати повтори дека Виниcиус е мајмун”. Мбапе бараше строги мерки, велејќи: „Овој играч никогаш повеќе не заслужува да игра во Лигата на шампиони.” Играчот на Бенфика Отаменди, пак, му ја покажал тетоважата на Винисиус по инцидентот, во момент кој исто така предизвика коментари.

Бенфика реагираше со објавување на видеоматеријал кој стана хит на социјалните мрежи со преку 15 милиони прегледи. Клубот тврди дека, имајќи предвид каде стоеле играчите на Реал на теренот, физички не биле во можност да го слушнат она за кое тврдат дека го слушнале. Престиани, пак, одречe дека кажал расистичка навреда, тврдејќи дека Винисиус погрешно го разбрал.

УЕФА официјално отвори истрага за инцидентот. Ако се потврдат обвинувањата, играчот и клубот се соочуваат со строги санкции согласно регулативите за борба против расизам во европскиот фудбал. Инцидентот ја оживеа пошироката дебата за расизмот во спортот и за недоволната заштита на играчите.

Натпреварот во Лисабон заврши со резултат кој Реал Мадрид го однесе во следната фаза, но резултатот остана далеку во втор план. Реакциите на фудбалерите, клубовите и јавноста покажаа дека борбата против расизмот останува едно од најгорливите прашања во современиот фудбал.