Студеничани: 35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Постои регион во Италија за кој Италијанците велат дека не постои. „Молизе не постои, издржува” – пишува муралот на уличниот уметник Бјанкошок во селото Чивитакампомарано. Оваа самоиронија стана unofficijalen симбол на еден од малку последните вистински непоткупени делови на Европа. 230 километри од Рим, помал по население и површина дури и од Лихтенштајн – и понуда која звучи невозможно: до 8.000 евра годишно само ако дојдеш да живееш тука.
Молизе е втората најмалку населена регија во Италија. Селата се празнат со децении, а властите решиле да го свртат трендот со финансиски стимулации за нови жители. Логиката е едноставна: подобро е да платиш некој да дојде отколку да гледаш селото да умре. Дали тоа го знаеме и на Балканот? Разликата е дека Италија нуди пари, а нашите општини нудат ветувања.
Но зошто да одиш во Молизе покрај парите? Историјата е вртоглава. Во Сепинум се наоѓа еден од најдобро зачуваните римски археолошки паркови на светот – форуми, базилики, театар од прв век. Овците сè уште минуваат низ истите врати низ кои поминувале пред две илјади години. Во Изернија, праисторискиот град Сампит, се наоѓаат остатоци на „Homo aeserniensis” – над 700.000 години стари. Во Агноне работи ковачница на ѕвона која работи без прекин уште од 1040 година – истата метода, истиот занает, непроменет со векови.
Чивитакампомарано – 150 жители – беше готово мртво село пред 2014 година. Денес, летните уметнички фестивали го прават еден од поинтересните места во регионот. Термоли на брегот носи замок од 11 век. Кампобасо, главниот град, е медиевален лавиринт над модерен центар. Ова е Италија пред масовниот туризам – пред „направено за Инстаграм”. Дали вреди да се оди? Ако барате автентичност повеќе од Колосеум со 50.000 посетители на ден – одговорот е очигледен.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Кралскиот пар вчера влезе во локал што селото само си го врати. Колку такви згради кај нас стојат заклучени и...
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.