Брзата помош добива 100 нови возила, а до 2030 во пензија одат над 300 вработени: кој ќе ги вози?
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Просечната нето-плата исплатена во јуни изнесува 48.381 денар. Во мај беше 49.544. Разликата е 1.163 денари помалку – или 2,3 отсто на месечно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Тоа е номиналниот пад. Реалниот, кога ќе се одземе инфлацијата, е 1,9 отсто. И во двата случаја бројот оди во иста насока, а тоа е насока за која никој нема да свика прес-конференција.
Годишниот раст што не се чувствува
На годишно ниво сликата изгледа поинаку: платата е повисока за 6,4 отсто номинално. Реално, откако инфлацијата ќе го земе своето, растот се стопува на околу три проценти. Тоа е разликата помеѓу бројката во соопштение и бројката во џеб.
Годишниот раст најмногу доаѓа од административните и услужни дејности, каде платите пораснале за речиси 11 отсто, потоа земјоделството, шумарството и рибарството, и транспортот и складирањето со околу 8 отсто.
Каде паднале? Во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила – околу 9 отсто за еден месец. Во уметноста, забавата и рекреацијата 6,2 отсто. Во снабдувањето со електрична енергија, гас и климатизација околу 6 отсто.
Просек што малкумина го живеат
Најниската просечна нето-плата во јуни е евидентирана во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 34.200 денари. Највисоката е во информации и комуникации: 88.262 денари.
Меѓу тие два броја стои сѐ што недостига од зборот „просек“. Некој живее со минимална плата, некој со 30-35 илјади денари, некој со 70 или 80. Кога тие ќе се соберат и поделат, се добива бројка што опишува никого конкретно.
Економистите оценуваат дека растот на платите постои главно на хартија, бидејќи инфлацијата одамна го изела – па нема ниту подобрување на куповната моќ, ниту на животниот стандард.
Каде сме во регионот
И покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси на дното во Европа според висината на просечната плата. Според споредбата, во Србија просечната плата е околу 945 евра, во Босна и Херцеговина 815, во Црна Гора 1.018, во Хрватска 1.500, а во Словенија 1.630 евра месечно.
Сѐ додека раскажувањето се води во проценти, растот изгледа солидно. Штом ќе се преведе во евра и се стави покрај соседите, разговорот завршува.
Јунскиот пад веројатно ќе биде објаснет со сезонски фактори и исплата на бонуси во мај – и веројатно тоа објаснување ќе биде точно. Но остатокот од сликата не е сезонски: раст што инфлацијата го јаде, сектор со 34.200 денари просек, и просек што не го чувствува речиси никој.
Најновите 10 вести од оваа категорија
До вчера ниту еден поканет сведок не го потврдил доаѓањето, а 95 проценти од банката одат на аукција. Банката можеби...
Пет понуди по тендер станаа три, а договорите без конкуренција скокнаа од 38 милиони евра во 2021 на 141 милион...
Автопати, железница до Бугарија и пречистителни станици. Добро е што критериумот е изграденото, а не планираното - Кичево - Охрид...
Nvidia вложила во Decart при вреднување од 4 милијарди долари, а сега го гледа како заминува кај Amazon за речиси...
Поранешен инженер од Apple гради ВИ-асистент што ги шифрира твоите податоци толку добро што ни самата компанија не може да...
Над 43 отсто од новите песни на Tidal ги создала машина, а 96 отсто од целосно ВИ-песните немаат ниту едно...
Министерот вели дека ништо не се укинува, само член се сели од еден закон во друг. Премиерот во исти денови...
Пред регулаторот се нови барања за поскапување на греењето, а се најавува раст и на струјата. ЛДП бара безусловна гаранција,...
Европа воведува заеднички плафон за готовина против перењето пари. Македонскиот закон уште од јануари 2025 бара сѐ од 1.000 евра...
Пред две недели замина поради врска со жена осомничена за шпионажа за Кина. Денес е назад, со поддршка од Белата...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.