Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
„Во овој момент пациентите се приморани да лажираат симптоми како би биле прегледани.“ Оваа реченица не ја изговори опозициски пратеник, туку Милица Кузмановска од здружението ХЕМА-ОНКО, на третиот „Розов пикник појадок“ кај Школка во Градскиот парк во Скопје. Со други зборови: жена без симптоми нема каде навреме да дојде до преглед – освен ако не излаже дека нешто ја боли.
Министерот за здравство Сашо Клековски, кој беше на настанот, не го негираше проблемот. Скрининг-програмата за рак на дојка, според извештајот на Државниот завод за ревизија, е неуспешна. „Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу бргу заедно со Хема-онко ќе промовираме нов концепт за скрининг-програмата“, рече Клековски. Кога точно – не кажа.
Бројките се тешки. Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат секоја година, а околу 7.000 жени моментално се лекуваат или поминале низ лекување. Според податоците што беа изнесени, ракот на дојка е најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај жените во Македонија, а стапката на смртност во 2024 година достигнала 39,4 на 100.000 жени – највисоко ниво во последните 15 години.
И тоа кај болест кај која, како што посочи Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО, стапката на преживување кај жените со болест откриена во рана фаза надминува 99 проценти. Меѓу тие 99 проценти и највисоката смртност во 15 години стои една работа – навременото откривање. Токму она за кое, според Марјановиќ, државата во моментов нема функционална програма.
Министерот имаше и добра вест: два лека за рак на дојка се префрлени на позитивната листа, па пациентките на хронична терапија ќе можат да ги подигаат во аптека, наместо секој пат да одат на Клиниката за онкологија. Снабдувањето со лекови, вели, е стабилно, а Министерството анализира мерки за да се спречат прекините во испораката. Пациентките на пикникот, пак, посочија дека во моментов недостасува еден лек од терапијата и дека дистрибутерите се очекува да го достават до крајот на неделата. Кузмановска оцени дека начинот на кој се набавува онколошката терапија „е неисправен“ и дека заедно со Министерството и Фондот за здравство работат на промена на Законот за лекови.
Розовиот октомври секоја година ја полни Школка со розови маици и топли пораки на поддршка. Прашањето е дали следниот октомври жените ќе одат на скрининг што функционира – или пак ќе мора да глумат симптоми за некој да ги прегледа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Законот предвидува повисока стапка за стан што стои празен подолго од шест месеци. Според ДОМ, никој не ги споил податоците...
Најмногу отпад е собран во Центар, најмногу записници се напишани во Чаир. Екипите го собираат она што некој го истоварил,...
Испитниот центар во Битола не работеше, па младите патуваа по возачка во други градови. Повикот за обештетување излезе 19 месеци...
Измамниците се закануваат со казна и суспензија на регистрацијата ако не платиш преку нивниот линк. Претпријатието вели дека тие пораки...
Поранешниот градоначалник на Скопје вели дека немало никаква незгода, само кал, пријатели и кафе по десет минути. Злобните коментатори добија...
Воспитувачи, негователи и психолог преку „Општинско-корисна работа“, на девет месеци. Потребата за грижа е постојана, ангажманот е привремен.
Насловот звучи апокалиптично, а сме над европскиот просек. Бројката што треба да загрижи е помала и потивка: една четвртина помалку...
Претходната стратегија истече со 2025 година, а новата е „неразгледана“ точка на дневен ред. На денот кога пратениците дебатираат за...
Градоначалникот ја чита заштедата како доказ за злоупотреба во минатото. Извештајот на ЈСП нуди пообично објаснување: помалку автобуси во сообраќај,...
Мртви кучиња од исто легло, на отворен јавен простор, едно покрај друго. Отровот што ги убил, предупредува здружението, за пет...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.