Skip to content

Водич за рециклирање

Селекција на отпад: што оди во која боја

Селекцијата на отпад кај нас има три бои: зелена за стакло, жолта за пластика и лименки и сина за хартија. Правилата се пократки отколку што мислиш, а најчестите грешки се секогаш истите неколку. Еве ги сите на едно место.

Што оди во која боја

Зелен - стакло

Секаква стаклена амбалажа: шишиња од вода, сок, пиво, вино и ракија, тегли од зимница, џем и мед, стаклени шишенца од лекови, козметика и парфеми.

Добро е да знаеш

Шишињата и теглите фрлај ги празни. Прозорското стакло, огледалата, керамиката и порцеланот не се амбалажа, па не одат во зелениот, иако изгледаат слично.

Жолт - пластика и лименки

Пластични шишиња од вода, сок и безалкохолни пијалоци, лименки, конзерви, пакувања од детергенти и шампони, фолии, најлонски ќеси и пластични чаши и чинии за еднократна употреба.

Добро е да знаеш

Не мора да ја миеш амбалажата, доволно е да е празна - нема течност на дното. Ќесите фрлај ги празни, а не полни со друго ѓубре, бидејќи мешаниот отпад ја валка пластиката околу него.

Син - хартија и тетрапак

Картонски кутии, кутии од чевли и слатки, амбалажа од јајца, тетрапак пакувања од млеко и сок, весници, списанија, тетратки, писма, сметки, флаери и постери.

Добро е да знаеш

Тетрапакот изгледа како пластика, но се собира со хартијата. Кутиите расклопи ги за да остане место за другите, а масната хартија и салфетите со остатоци од храна не се за синиот.

Правила што важат за сите три

  • Празно, не миено. Амбалажата се мие при преработката. Треба само да е празна.
  • Етикетата останува. Материјалите се раздвојуваат во обработката, па не мора да ја лупиш.
  • Без кеса со мешано ѓубре. Една кеса со остатоци од храна во жолтиот или синиот ја валка селектираната амбалажа околу неа.
  • Помалку воздух, повеќе место. Стисни ги шишињата и расклопи ги кутиите, за контејнерот да прими повеќе пред да се наполни.
  • Полн контејнер не е покана. Ако е полн, не оставај ја амбалажата до него. Најди го следниот најблизок.

Што не оди во ниеден од трите

Електронските уреди, кабелите и батериите не одат во ниту еден од трите контејнери. За нив постои бесплатно подигање од дома и собирни места.

Електронски отпад →

Стар мебел, душеци и градежен шут не се амбалажа. Во Скопје можеш бесплатно да ги однесеш во рециклажен двор или да побараш подигање од дома.

Кабаст отпад во Скопје →

Прозорско стакло, огледала, керамика, порцелан и сијалици изгледаат како стакло, но не се стаклена амбалажа. Зелениот контејнер е само за шишиња, тегли и шишенца.

Каде е најблискиот контејнер?

Кога знаеш што оди каде, останува само да најдеш контејнер. Избери боја и дозволи пристап до локацијата.

Што носиш?

Без дозвола за локација не можеме да го најдеме најблискиот. Дозволи ја во прелистувачот и обиди се повторно, или побарај го на мапата подолу.

Твојата локација е надвор од Македонија, а Пакомак има контејнери само тука.

Нешто не функционираше. Обиди се повторно за малку.

Најблискиот е подалеку од 800 метри. Ова го бележиме - колку луѓе немаат контејнер во близина е бројка што некој треба да ја види.

Најблиски до тебе

Твојата локација не ја зачувуваме.

Чести прашања

Една погрешна амбалажа не е катастрофа, но кесата со мешано ѓубре или остатоци од храна ја валка и правилно селектираната амбалажа околу неа. Кога не си сигурен, подобро фрли го во обичниот контејнер за комунален отпад.

Пакомак нема посебно правило за капачињата во жолтиот контејнер. На неговите вендинг машини шишето се става со капачето свртено кон отворот, што значи дека шишето со капаче се прифаќа.

Пакомак ја наведува кутијата од пица меѓу амбалажата за синиот контејнер, а бара хартијата да нема остатоци од храна. Затоа прво испразни ја и тргни ги остатоците.

Во најголемиот дел од Македонија селекцијата се прави во заедничките контејнери на улица. Некои општини поделија куќни канти за пластика, но тоа се одделни проекти, а не правило за целата држава.