РЕВИЗИИ 2025–2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Ако планиравте да купите нов Mac или iPad, лошата вест е дека штотуку поскапеа – и тоа не за малку. Apple ги крена цените на речиси целата своја палета компјутери и таблети, а единствено iPhone засега помина без зголемување.
Бројките се конкретни. MacBook Air скокна од 1.099 на 1.299 долари, базичниот MacBook Pro од 1.699 на 1.999, а Mac Studio дури од 1.999 на 2.499 долари. Кај таблетите, iPad Air поскапе од 599 на 749, а базичниот iPad од 349 на 449 долари. Поскапеа и HomePod, Apple TV и Vision Pro.
Изненадувањето е во причината. Овој пат не се царините на Трамп виновни, туку нешто друго – недостиг на меморија. Apple отворено изјави дека „брзото ширење на дата центрите за вештачка интелигенција создаде извонреден скок во побарувачката за меморија и складирање”. Со други зборови, гладот на ВИ индустријата за чипови ги остава обичните купувачи без доволно компоненти – и со повисока сметка.
Аналитичар наведе дека цените на меморијата пораснале повеќе од четирикратно од крајот на 2025 година, до точка во која Apple морала да ги пренесе трошоците на купувачите за да избегне сериозна загуба. Истиот ден и Xbox ги крена цените, па трендот веќе не личи на исклучок.
За потрошувачите на Балканот ова не е апстрактна вест од Силиконската долина. Кога базичната цена во САД скока за 200 долари, кај нас тоа на крајот значи уште поголема разлика по сите даноци и маржи. Тим Кук веќе навести дека и iPhone би можел да поскапи подоцна оваа година. Парадоксот е јасен: бумот на вештачката интелигенција, кој ни го продаваат како иднина што ќе ни го олесни животот, прво ни ги испразни џебовите на касата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Брокман се пофали со раст на приходите од 70 проценти за една четвртина. Колку е тоа во пари, не кажа.
Meta не крие зошто нејзиниот ВИ-агент има мило лице и гестови: за луѓето да се чувствуваат поврзани со него. Прашањето...
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.