„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Сателитот Replicator 2 на германскиот стартап Orbital Matter испечатил цврста цилиндрична греда долга половина метар од посебна пластика – според раководството на компанијата, прв ваков потфат на сателит што слободно лета во орбита. Досегашните обиди за 3Д-печатење во бестежинска состојба беа ограничени на херметизираниот простор на Меѓународната вселенска станица.
Малиот сателит полета ова лето со заедничка мисија на SpaceX, со четири печатачи во себе. Секој истиснува намотки смола што ги стврднува ултравиолетова светлина, а во компанијата постапката ја споредуваат со цемент и вода. Два од печатачите требаше да развијат флексибилен соларен панел. Едниот откажал поради аномалија, но гредата што сепак била испечатена успешно го развила панелот.
„Затоа ставивме толку многу печатачи на еден сателит. Претпочитавме да учиме во орбита и да го прилагодуваме софтверот, наместо со години да ја тестираме секоја можност на земја“, вели техничкиот директор Роберт Ихнатисин. Извршниот директор и соосновач Јакуб Стојек оди подалеку: Replicator 2 е, според него, „првиот доказ дека едноставно можеме да ги изградиме панелите во вселената, со која било големина што ја бара мисијата“.
Зошто е ова важно? Идните сателити ќе мора да бидат поголеми за да произведуваат повеќе струја и да исфрлаат повеќе топлина, особено ако станат дата центри во орбита. Но и понатаму мора да се соберат во обвивката на врвот на ракетата. Денешните големи конструкции во вселената се оригами: соларните панели и огледалата на телескопите се преклопуваат на Земјата, па се расклопуваат во орбита. NASA финансираше обид со компанијата Redwire, која во 2023 година печатеше греди во вакуумска комора, но таа мисија никогаш не полета.
Плановите се амбициозни. Инженерите веруваат дека се изводливи греди од 100 метри, ограничени само од количината смола што ја носи сателитот. За споредба, соларните крила на сателитите Starlink V2 на SpaceX, меѓу најмоќните масовно произведени сателити, се долги 20 метри. Следната демонстрација е закажана за 2028 година, со панел од 5 kW, а целта до 2030 е над 100 kW по крило. Компанијата соработува со Европската вселенска агенција и со Thales Alenia, а основана е во 2022 година и собрала почетни инвестиции од 3 милиони долари (околу 2,7 милиони евра).
Три милиони долари денес едвај да се вест во светот на стартапите, каде рундите за вештачка интелигенција се мерат во стотици милиони. Еден мал германски тим тврди дека прв направил нешто што мисијата финансирана од NASA никогаш не го однесе до орбита. Дали Европа ќе знае да го задржи, или и Orbital Matter ќе заврши во туѓи раце штом технологијата профункционира?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Вашингтон купи 10 отсто од Intel и сега учи што значи да си акционер. Дата центрите му растат за 78...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.