Skip to content

Пожари северно од Ерусалим: Израелските доселеници нападнаа бедуинско село

1 мин. читање
Сподели

Израелските доселеници денес нападнаа бедуинска заедница на Западниот Брег, северно од Ерусалим, и запалија неколку куќи, објавија палестинските медиуми.

Доселениците наводно запалиле куќи во бедуинската заедница Ал-Араара, во близина на селото Мукмас, но нема извештаи за повредени лица во инцидентот. Снимките покажуваат густ чад што се издига над областа и гори оган, објави „Тајмс оф Израел“.

Официјалната новинска агенција на Палестинската самоуправа, VAFA, исто така, објави дека доселениците запалиле маслинови насади во таа заедница.