Skip to content

Кибернапад го парализира европското небо: Аеродроми во хаос, патници заглавени

1 мин. читање
Сподели

Агенцијата на Европската Унија за кибербезбедност (ENISA) денеска официјално потврди дека масовниот прекин на работата на системите за електронска регистрација на патници и багаж на голем број европски аеродроми е резултат на координиран кибернапад.

Според соопштението, органите за спроведување на законот веќе спроведуваат истрага, но засега нема информации за тоа кој стои зад нападот.

Најголемите проблеми се регистрирани во германската престолнина Берлин, каде што аеродромските операции сè уште не се целосно стабилизирани. Летовите на учесниците во вчерашниот Берлински маратон беа одложени повеќе од еден час, што предизвика хаос и незадоволство меѓу патниците.

Метата на нападот е американската компанија „Collins Aerospace“, еден од водечките снабдувачи на воздухопловна технологија. Нивниот софтвер се користи на голем број аеродроми во Европа, а компанијата потврди дека станува збор за „кибернапад“ врз нивната мрежа.

Иако „Collins Aerospace“ уверува дека обновувањето е во завршна фаза, експерти за безбедност предупредуваат дека ваквите напади откриваат колку е ранлив европскиот авионски сообраќај од дигитални закани.

 Додека ЕУ најавува засилување на кибербезбедноста, останува отворено прашањето: дали ова е само предупредување или почеток на нова ера на сајбер војување против критичната инфраструктура?