Skip to content

Трамп е бесен на Зеленски и неговиот тим: Тие се неблагодарни!

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „украинското раководство не покажало никаква благодарност за напорите на САД за прекин на конфликтот со Русија“.

Тој на своите социјални мрежи изјави дека наследил конфликт што никогаш не требало да се случи.

„Војна што е губитничка за сите, особено за милионите луѓе што загинаа толку непотребно. Украинското раководство не покажа никаква благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (Измамникот даде сè, бесплатно, бесплатно, вклучително и многу пари). Бог да ги благослови сите животи изгубени во оваа човечка катастрофа“, рече Трамп.

Тој вчера објави дека неговиот предлог за мир во Украина, кој би го завршил руско-украинскиот конфликт, не е неговата последна понуда. Тој изјави дека конфликтот мора да заврши на еден или друг начин.