Мече загина на автопатот Скопје-Тетово: оградата е законска обврска, а тимот за спасување постои само во вибер-група
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Една рурална општина во Полошко, втор круг на локалните избори на 1 ноември и премиер на терен. Христијан Мицкоски вчера ги обиколи Дреново, Радиовце, Теново, Седларце и Брвеница, рамо до рамо со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски.
Радичевски им се заблагодари на гласачите од првиот круг и рече дека во вториот очекува уште поголема поддршка и победа. Но првата благодарност не ја упати до нив. „Најнапред сакам да му се заблагодарам на претседателот за поддршката за сите проекти што се во фаза на реализација“, рече кандидатот, објаснувајќи дека проектите во општината се реализираат „со поддршка од Владата и премиерот“.
Држава или партија?
Тука вреди да се застане. Претседателот на партијата е и премиер на државата, но буџетот од кој се финансираат проектите не е партиски. Кога кандидат за градоначалник во кампања му се заблагодарува на премиерот за проекти, пораката до гласачот е јасна и без да се изговори: од кого зависи дали ќе дојдат парите. Дали проектите ќе продолжат ако во Брвеница победи некој друг?
Мицкоски, пак, ја сврте приказната кон противниците. „Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво“, рече тој, и додаде дека за другата страна изборите се „спас на нивните политички кариери“ што, според него, ќе бидат запаметени „по криминалот и поделбите“. Имиња не кажа, ниту понуди докази за тешкото обвинување.
Пораката ја заврши со изборна математика. Брвеница, вели, не праќа порака само за општината, туку „за цела Македонија“. И уште еден повик: „да го заокружиме бројот 1 и на 1-ви ноември да славиме заедно“. По 1 ноември, предупреди Мицкоски, „ќе дојде 2-ри ноември“ и некои „ќе заминат“. Што ќе остане во Брвеница од сите ветувања кога ќе заминат и камерите?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ден пред изборите во Србија, Филипче го обвинува Вучиќ за подготвена изборна кражба, а во објавата бара „без мешање во...
Протести од Тирана до Париз, а во Скопје се бараат странски служби. Арсовски ја кажува непријатната причина: помладите не можат...
Опозицијата брои кого спомнал Брисел оваа недела - Црна Гора, Албанија, Србија, Косово. Македонија не. Премиерот, пак, вели дека не...
Иницијативата на СДСМ е отфрлена едногласно, а опозицијата вика политичка наредба без доказ. Поголемата иронија: власта што ја осуди „манипулацијата“...
Административен службеник со две последователни оценки „1“ ќе остане без работа по сила на закон. Правилото звучи строго, а вистинското...
Радически и Јахиј ќе се соочат на 1 ноември. Од резултатите секоја партија извлече своја победа, а најтивко е кај...
ДУИ речиси ги удвои гласовите, Влен изгуби 493 гласа, а СДСМ порасна од ниска основа. Во вториот круг на 1...
Нов градоначалник се избира на апарати што профункционираа благодарение на договор склучен во последен момент - иако истекот на стариот...
Владата вели дека доказите за бегството прво ќе ги видат сојузниците во НАТО. Прашањето што останува е поедноставно и понепријатно:...
Европскиот совет го нарече проширувањето геостратешка инвестиција, а од целиот регион по име ја спомена само Црна Гора. Македонија, кандидат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.