Полицаец од Драчево возел без положен возачки испит: Кој ги проверува оние што ги проверуваат другите?
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Жителите на Брвеница денеска избираат нов градоначалник, по смртта на Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни на 58-годишна возраст. Гласањето трае од 7 до 19 часот на 24 избирачки места, а во избирачкиот список се запишани 16.256 гласачи – од кои 449 се на привремена работа во странство, а девет во затвор или притвор. Но приказната околу овие избори не е само кој ќе победи. Таа е и за апаратите на кои ќе се гласа.
Договорот истекол, изборите стигнале
Петгодишниот договор на Државната изборна комисија со германската фирма „Дермалог“ за поддршка и одржување на системот за биометриска идентификација на гласачите истекол во август. Изборите во Брвеница беа распишани на 7 август, а гаранцијата истече на 11 август. ДИК, според зборовите на претседателот Бојан Маричиќ, се нашла во „временски теснец“ и посегнала по член 55 од Законот за јавни набавки – директно преговарање, без објавување оглас, со претходно одобрение од Бирото за јавни набавки.
Цената: околу 200.000 евра за функционалност и ажурирање на само неколку уреди – колку што се потребни за 24 избирачки места – за период од три месеци. Германски инженери минатата недела, заедно со домашни стручни лица, ги подготвиле апаратите за денешното гласање. Пресметано на запишаните гласачи, тоа е околу 12 евра по глава само за да профункционираат апаратите во една општина.
Маричиќ тврди дека нема причина некој да го оспори гласањето, бидејќи договорот е потпишан под исти услови како оној што важеше пет години. Можеби е така. Но „крајна итност, предизвикана од околности коишто не можевме да ги предвидиме“ звучи чудно кога датумот на истекот на договорот бил познат цели пет години однапред. Смртта на градоначалникот не можела да се предвиди – истекот на договорот можел.
Што следува за останатите апарати
За Брвеница е најдено привремено решение, но системот во целина останува отворено прашање. Од ДИК велат дека тим од независни ИТ-експерти го анализира хардверот и софтверот, а ќе се формира и работна група за истражување на пазарот. Од нивната проценка ќе зависи дали следната набавка ќе биде само за софтвер или за целосна обнова на апаратите. За споредба, терминалите за биометриска идентификација, кои премиерно беа употребени на локалните избори во 2021 година, ја чинеа државата 11,2 милиони евра.
Шест кандидати во трка
За градоначалничката функција се натпреваруваат шест кандидати: Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини од коалицијата Вреди, Аркин Јахији од коалицијата предводена од ДУИ, како и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Во изминатите месеци функцијата вршител на должноста градоначалник ја извршуваше Роберт Милошески.
За победа во првиот круг кандидатот треба да освои мнозинство од гласовите на оние што гласале, под услов да излезе најмалку една третина од запишаните избирачи. Ако ниту еден кандидат не освои мнозинство, двајцата најдобро пласирани одат во втор круг за две недели, а ако излезноста е под една третина, целата постапка се повторува. Секој гласач денеска ќе се идентификува со отпечаток од прст – на апарат чиј живот ДИК го продолжи во последен момент.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Владата вели дека доказите за бегството прво ќе ги видат сојузниците во НАТО. Прашањето што останува е поедноставно и понепријатно:...
Европскиот совет го нарече проширувањето геостратешка инвестиција, а од целиот регион по име ја спомена само Црна Гора. Македонија, кандидат...
На едната кандидатка ѝ беа покажани коментари со „Цела да е“ под објава на премиерот, другиот се фотографирал на прослава...
Опозицијата одбива или се двоуми, а од Софија стигнува порака дека уставните измени не се репреговараат. Дали премиерот бара партнери...
Шест фирми, донации од околу 20.000 евра од баџанакот и ручек за 250 гости како прв тендер на Општина Струмица...
Обвинета за сообраќајка со смртен исход, со двата пасоша одземени, таа помина граница каде што ниту македонската ниту бугарската полиција...
МВР реагираше откако снимките веќе кружеа, синдикатот нуди своја верзија, а ДУИ и ВЛЕН се препукуваат. Документот што би ги...
На празникот за 85 години од востанието премиерот повика на единство, постави цел за плата од 1.000 евра и ја...
Ден по средбата во Софија, бугарската министерка пред пратениците кажа дека нема повторно преговарање и нема одложени уставни измени. Скопје...
Поранешниот градоначалник на Центар сега води партија што се повикува на организација од 1908 година и вели дека е отворена...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.